This version of the page http://mk.voanews.com/a/3536119.html (0.0.0.0) stored by archive.org.ua. It represents a snapshot of the page as of 2016-10-15. The original page over time could change.
САД ги прекинаа преговорите со Русија за Сирија

Линкови за пристапност

  • Премини на главната содржина
  • Премини до страната за навигација
  • Пребарувај
  • Learning English
Јазици
Свет

САД ги прекинаа преговорите со Русија за Сирија


  • Споделете на Фејсбук
  • Споделете на Твитер
  • Испратете до пријател

Вашингтон ќе одржи канал на комуникација со цел да се избегне конфликти во анти-терористичките операции

Објавувајќи дека трпението кон Русија „истекло“, САД вчера ги прекинаа разговорите за прекин на огнот во Сирија со Москва, наведувајќи ги како причина продолжителните воени акции против цивилните цели во оваа земја.

„Оваа одлука не беше донесена лесно“, кажа во соопштение портпаролот на Стејт департментот, Џон Кирби. Иако Вашингтон „не штедеше труд“ во обидите за спроведување на примирјето и ставање крај на непријателствата, Русија „не ги одржа своите ветувања,“ кажа Кирби.

„Русија исто така не покажа волја или не беше во можност да го осигура однесувањето на сирискиот режим, за кое Москва се обврза,“стои во соопштението и „наместо тоа, Русија и сирискиот режим одбраа да го следат воениот пат“

Рускиот амбасадор во ОН, Виталиј Чуркин кажа: „Ако не беше нашето вклучување во Сирија, може да се случи црните знамиња (на Исламската држава) да се веат над Дамаск. Тоа може да случи. Тоа е реалната ситуација“.

Тој вели дека Русија жали за цивилните жртви.

Иако преговорите беа суспендирани, САД ќе продолжат да користат канали за комуникација со Русија за да се намали можноста од конфликт во антитерористичките операции во Сирија, стои во соопштението.

Москва дава воена поддршка и извршува воздушни напади во поддршка на владата на претседателот Башар ал Асад, додека Вашингтон поддржува некои од бунтовничките групи кои се борат за смена на сирискиот претседател.

Претходен прекин на огнот

Минатиот месец, двете страни се договорија за прекин на огнот и намалување на насилствата, обезбедување пристап до хуманитарна помош и деградирање на терористичките групи. Но договорот пропадна брзо. Двете страни се обвинуваа меѓусебно. Во преговорите кои следеа не успеа да се надминат разликите.

Back to top
XS
SM
MD
LG