This version of the page http://mk.voanews.com/a/3489670.html (0.0.0.0) stored by archive.org.ua. It represents a snapshot of the page as of 2016-09-18. The original page over time could change.
Трамп претстави детали за имиграционата политика

Линкови за пристапност

  • Премини на главната содржина
  • Премини до страната за навигација
  • Пребарувај
  • Learning English
Јазици
САД

Трамп претстави детали за имиграционата политика


  • Споделете на Фејсбук
  • Споделете на Твитер
  • Испратете до пријател

Говорот дојде по средбата со мексиканскиот претседател Енрике Пена Нието

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп ја претстави неговата имиграциона политика, која како приоритет ја има граничната безбедност и да осигури процедури дека оние кои влегуваат во САД ги споделуваат американските вредности.

Тој пред поддржувачите во југозападната сојузна држава Аризона зборуваше со поостар тон отколку оној кој го користеше порано во Мексико Сити каде тој, како што самиот кажа имал „важна и отворена“ средба со мексиканскиот претседатели Енрике Пена Нието.

Главена причина за различните ставови беше неговото ветувањето за изградба на ѕид на американско -мексиканската граница. Трамп по средбата кажа дека тој и Пена Нието разговарале за планот, но не и за изјаватa на Трамп дека Мексико ќе ги плати трошоците. Сепак, Пена Нието беше јасен дека Мексико нема да плати за тоа.

Но, кога Трамп во Аризона го претстави неговиот план кој се состои од 10 точки „високиот, моќен, сјаен“ ѕид беше на врвот.

„Тие се` уште не занаат, но тие ќе платат за ѕидот“ кажа тој. Толпата со ентузијазам извикуваше „изградете го ѕидот“

Директорот на кампањата на демократската кандидатка Хилари Клинтон, Џон Подеста вели дека Трамп се „задавил“ со тоа што целосно не го разгледал прашањето со Пена Нието.

„Она што го видовме денес од човекот кој тврди дека е мајстор „во договарањето“ е дека тој нема храброст да ги застапува своите ветувања од кампањата кога тој не се наоѓа пред пријателски расположена група,“ рече Подеста.

Back to top
XS
SM
MD
LG