This version of the page http://mk.voanews.com/a/3458786.html (0.0.0.0) stored by archive.org.ua. It represents a snapshot of the page as of 2016-08-27. The original page over time could change.
Втор олимписки сон на Блажевски

Линкови за пристапност

  • Премини на главната содржина
  • Премини до страната за навигација
  • Пребарувај
  • Learning English
Јазици
Македонија

Втор олимписки сон на Блажевски

  • Гоце Јаневски

  • Споделете на Фејсбук
  • Споделете на Твитер
  • Испратете до пријател

На петтиот ден на Олимписките игри во Рио де Женеиро во квалификациските натпревари учествува најдобриот македонскиот пливач

Брзо се навикнал на бразилската зима, на шега вели Марко Блажевски, за кого ова е втора Олимпијада. Се разбира, додава тој, не поради температурите туку поради раното стемнување.

На посериозна нота, го запрашавме за неизвесноста на неговото учество речиси до пред почетокот на игрите. Имено, одлуката најдобриот македонски пливач да биде дел од олимпискиот тим Македонскиот олимписки комитет ја донел во последен момент. Но, Блажевски вели – бил подготвен:

„Да, секако тоа беше огромен стрес. Се до последен момент бев во голема неизвесност дали ќе настапам во Рио и дали ќе го доживеам мојот сон по втор пат. Но по донесената правилна одлука и по мојот последен резултат пред неколку недели кој беше државен рекорд, се чувствувам во најдобра форма и ќе го дадам најдоброто“.

Тој се натпреварува во квалификациите на 200 метри мешано. Неговите очекувања се дека ќе го подобри личниот, воедно и државен рекорд:

„За мене тоа би било нов државен рекорд, и во зависност од конкуренцијата (ќе се борам) за што повосиок пласман“.

Блажевски размислува да продолжи со пливањето, но вели, ништо не е исклучено.

„Пред две години го завршив факултетот, моментално тренирам како професионален пливач во Шарлот, Северна Каролина, по оваа Олимпијада не знам дали финансиски ќе може да се издржам уште еден циклус. Ако не, ќе мора да се бара работа.“

Тој не сака да избира меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Па, сепак, мисли дека перспективата би била подобра ако остане во Северна Каролина, каде што живее и тренира во последниве 5-6 години.

Македонскиот олимписки тим е составен од шест спортисти. Во квалификациите во понеделникот македонската пливачка Анастасија Богданоски во 200 метри слободно постави нов државен рекорд. Досега учество зедоа Катерина Николовска во џудо и Нина Балабан во стрелаштво. Атлетичарите Дрита Исљами и Ристе Пандев ќе настапат подоцна во натпреварите.

Back to top
XS
SM
MD
LG