This version of the page http://mk.voanews.com/a/3444023.html (0.0.0.0) stored by archive.org.ua. It represents a snapshot of the page as of 2016-08-27. The original page over time could change.
Соборен руски хеликоптер во Сирија

Линкови за пристапност

  • Премини на главната содржина
  • Премини до страната за навигација
  • Пребарувај
  • Learning English
Јазици
Свет

Соборен руски хеликоптер во Сирија


  • Споделете на Фејсбук
  • Споделете на Твитер
  • Испратете до пријател

Загинале сите пет членови на посадата

Руското Министерство за одбрана соопшти дека транспортниот хеликоптер бил погоден кога се враќал од мисија за достава на хуманитарна помош во градот Алепо и дека помеѓу жртвите се двајца офицери и тројца членови на екипажот.

Руските сили извршуваат воздушни напади за поддршка на сирискиот претседател Башар ал Асад од почетокот на септември минатата година.

Конфликтот помеѓу силите на Асад и бунтовниците кои сакаат негово симнување од власта трае од почетокот на март, 2011-та година, кога мирните протести се претворија во граѓанска војна во која освен различните бунтовнички групи учествуваат и силите на Исламската држава кои се борат за освојување на територија.

Сириската влада во неделата соопшти дека е подготвена да ги обнови мировните разговори со опозицијата во Женева на крајот на Август, без да постави услови или под „надворешно влијание.“

Неколку претходни средби под посредство на ОН пропаднаа, по продолжување на насилството, и по неразрешеното прашањето за тоа дали Асад ќе ја напушти власта или не.

САД и западните земји инсистираат дека Асад мора да ја напушти власта како дел од мировниот договор, додека неговите сојузници, првенствено Русија ја одбиваат оваа позиција.

Поврзано

  • УНЦХР: 2015 со рекорден број на присилно раселени лица

  • Законодавците загрижени за „лошото однесување“ на Русија

  • Зошто Русите бомбардирале?

  • Њујорк тајмс: 51 американски дипломат во дисидентство

Повеќе коментари

Back to top
XS
SM
MD
LG