This version of the page http://mk.voanews.com/a/3433978.html (0.0.0.0) stored by archive.org.ua. It represents a snapshot of the page as of 2016-08-06. The original page over time could change.
УНЕСКО предупредува: Охрид може да е симнат од листата на заштитени градови

Линкови за пристапност

  • Премини на главната содржина
  • Премини до страната за навигација
  • Пребарувај
  • Learning English
Јазици
Македонија

УНЕСКО предупредува: Охрид може да е симнат од листата на заштитени градови

  • Мики Трајковски

  • Споделете на Фејсбук
  • Споделете на Твитер
  • Испратете до пријател

Граѓански здруженија започнаа кампања за кревање на свеста за важноста на статусот на Охрид

Деновиве граѓанскиот сектор започнаа со спроведување на кампањата Едно е! Вредно е! која меѓу другото има за цел да ја прикаже пред јавноста важноста од зачувување на Охридскиот регион.

Охридско се соочува со опасност за впишување во листата на загрозени подрачја што е само еден чекор до губење на УНЕСКО статусот кој што го има од 1980 година. Ваква сериозна опомена пристигна од Истанбул каде минатата недела се одржа 40-тата сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, велат од еколошките здруженија „Фронт 21/42“ и „Еко-свест“.

Причина за тоа велат можат да бидат неколкуте владини проекти, како што се изградба на експресен пат низ Националниот парк Галичица, ски центар и неколку туристички развојни зони околу Охридското езеро.

„Ваква препорака добиваат држави кои што сериозно не се грижат за она што го поседуваат.Токму за тие три проекти најмногу забелешки се дадени од УНЕСКО. До сега сите експерти кои работеле на анализа на влијанието од овие проекти утврдиле дека ќе не чини со статусот на УНЕСКО“, вели Александра Бујароска од „Фронт 21/42“.

Граѓанските активисти со став дека ваквите проекти треба да бидат ставени под мораториум. Велат дека на земјава и бил даден рок до февруари 2017-та година да ги отстрани забелешките на Комитетот на УНЕСКО.

„Еден од по практичните делови на кампањата се 10.000 картички кои сакаме да ги испратиме до пратениците и кои ќе бидат потпишани од граѓаните и пошироката јавност“, вели Миа Лозаноска, од здружението „Фронт 21/42“.

Но и покрај предупредувањата, претседателот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и екс-премиер Никола Груевски вели дека плановите ќе се реализираат:

„Се внимава и на тој дел, на заштита од УНЕСКО, но се внимава и на тоа градот да се развива.“, рече Груевски.

Експерти од УНЕСКО во 2013 година беа во обиколка на Охрид и локалитетот Плаошник, каде се гради Свети Климентовиот Универзитет, по што упатија препораки и забелешки.

Повеќе коментари

Back to top
XS
SM
MD
LG