This version of the page http://mk.voanews.com/a/germany-attack/3648152.html (0.0.0.0) stored by archive.org.ua. It represents a snapshot of the page as of 2017-01-06. The original page over time could change.
Убиен осомничениот за нападот во Берлин

Линкови за пристапност

  • Премини на главната содржина
  • Премини до страната за навигација
  • Пребарувај
  • Learning English
Јазици
Актуелно

Убиен осомничениот за нападот во Берлин


  • Споделете на Фејсбук
  • Споделете на Твитер
  • Испратете до пријател

Од полициски извори се дознава дека утрово патрола на италијанската полиција го запрелала 24-годишниот напаѓач во близина на железничката станица Сесто Сан Џовани, во предградие на Милано.

Тунискиот државјанин Анис Амри е застрелан и убиен утрово на железничката станица во Милано, јавија италијански официјални лица.

Италијанскиот министер за внатрешни работи Марко Минити, на денешната прес-конференција рече дека „нема сомневање“ дека се работи за Анис Амри, прво-осомничениот од нападот кој се случи во германскиот Божиќен пазар.

Од полициски извори се дознава дека утрово патрола на италијанската полиција го запрелала 24-годишниот напаѓач во близина на железничката станица Сесто Сан Џовани, во предградие на Милано. Во моментот кога му била побарана лична карта, осумничениот извадил пиштол и пред да биде убиен од страна на полицијата, успеал да рани еден полицаец.

Во нападот од понеделникот, животот го загубија 12, а беа повредени 48 лица. Анис Амри не беше веднаш осомничен за овој напад но набрзо полицијата откри дека токму тој е виновникот. Бил барател на азил, а пред 6 месеци германските власти го одбиле со образложение дека имал проблем со документите.

Back to top
XS
SM
MD
LG