This version of the page http://mk.voanews.com/a/3515692.html (0.0.0.0) stored by archive.org.ua. It represents a snapshot of the page as of 2016-10-04. The original page over time could change.
Сириската војска објави прекин на примирјето

Линкови за пристапност

  • Премини на главната содржина
  • Премини до страната за навигација
  • Пребарувај
  • Learning English
Јазици
Свет

Сириската војска објави прекин на примирјето


  • Споделете на Фејсбук
  • Споделете на Твитер
  • Испратете до пријател

Дамаск ги обвинува бунтовничките групи за поткопување на прекинот на огнот

Сириската воена команда соопшти дека „вооружените терористички групи“ повеќепати го нарушиле прекинот на огнот кој влезе во сила минатата недела и го искористиле за мобилизација и вооружување, истовремено напаѓајќи ги областите под контрола на владините сили. Тие велат дека бунтовниците испуштиле „вистинска шанса“ за да го прекинат крвопролевањето и не посочија на детали дали примирјето ќе биде повторно воспоставено.

Активисти и бунтовнички групи пак ја обвинуваат владата за нарушувањето на прекинот на огнот.

Обединетите нации соопштија дека сириската влада ја попречила доставата на помош, клучна компонента од договорот.

Координаторот на ОН за итна хуманитарна помош кажа дека е разочаран затоа што конвоите со намирници не стасале до Алепо, каде повеќе од 275.000 лица имаат потреба од храна, вода и медицинска помош.

Back to top
XS
SM
MD
LG