This version of the page http://mk.voanews.com/a/3270595.html (0.0.0.0) stored by archive.org.ua. It represents a snapshot of the page as of 2016-07-29. The original page over time could change.
Паметни градови

Линкови за пристапност

  • Премини на главната содржина
  • Премини до страната за навигација
  • Пребарувај
  • Learning English
Јазици
Наука

Паметни градови


  • Споделете на Фејсбук
  • Споделете на Твитер
  • Испратете до пријател

Виетнам се приклучува на трендот: Градовите стануваат како живи организми кои можат да одговорат на потребите на граѓаните.

Што ако уличната светилка може самата да ги извести властите дека треба да се поправи? Или ако апликација за паметен телефон може да им соопшти на возачите кои улици се поплавени? Некои градови веќе имаат таква технологија која го систематизира начинот на кој се управува со сè, од криминал и здравствена заштита до собирањето на отпадот.

Локалната власт во Виетнам се обидува да се приклучи на трендот на „паметни градови.“

На Самитот за паметни градови во провинцијата Бин Дуонг неодамна беа поканети експерти да понудат идеи за тоа како да направи поефикасна регулатива преку иновации.

Некои од нив дискутираа за автомобилите без возач кои може наскоро да го преплават јавниот превоз, така што жителите може да се откажат од приватните возила, и со тоа ќе се намали загадувањето со јаглерод диоксид. Други пак предложија софтвер кој ќе ги известува амбулантните возила во кои од блиските болници има кревети или лекари за лекување на пациентите.

Темата на самитот беше механизацијата на јавните услуги. На овој начин градовите стануваат попаметни, како живи организми кои можат да одговорат на потребите на граѓаните. Функциите порано извршувани од страна на бирократите може се повеќе да се пренесат врз роботите и уредите.

Освен во јавните услуги, „паметните“ урбанистички планови може да го поттикнат и градежништвото.

Фам Туан Коа, менаџер за еколошка градба во компанијата Тебодин истакнува дека Сингапур поставил цел до 2030-та година 80 отсто од зградите да бидат „зелени.“

Тоа може да не биде реално за сиромашниот Виетнам, но Коа вели дека може да се започне со мал чекор како ставање на изолација на зградите за подобрување на енергетската ефикасност, или со инсталирање на светла кои самите се затемнуваат кога ќе детектираат доволно сончева светлина во собата.

Провинцијата Бин Дуонг потпиша Меморандум за разбирање и советодавни услуги за „паметен развој“со холандскиот град Ајндховен.

Петар Портејн, директор на холандската група „Бреин порт девелопмент“ вели дека веќе „согледал некои сличности“ меѓу двата региони. На пример, Ајндховен се трансформирал од производствена до економија на знаење кој работи автоматски, нешто на што се надева и Бин Дуонг.

Но, исто така Виетнам има предност, затоа што почнува од почеток и наследената инфраструктура не претставува пречка.

Отворањето на вратите за паметни иновации може да го однесе Тран Тхан Лием претседателот на Народниот комитет поблиску до целта во создавањето на високо технолошката дестинација.

Сепак Бин Дуонг се соочува со силна конкуренција. Соседниот град Хо Ши Мин е комерцијален двигател на земјата. Централниот град Дананг исто така посакува да постане технолошки центар и сака да го развие пристаништето за олеснување на трговијата. Во игра е и Ханој, кој има двојно повеќе странски инвестиции.

Но, Бин Дуонг сепак постана најголем допринесувач во бруто домашниот производ на Виетнам, активно привлекувајќи ги странските инвеститори во индустриските зони. Градот исто така експериментира со реформи за подобрување на условите за живеење со создавање на нов центар, наречен - Нов град Бин Дуонг.

Back to top
XS
SM
MD
LG