This version of the page http://mk.voanews.com/a/3407788.html (0.0.0.0) stored by archive.org.ua. It represents a snapshot of the page as of 2016-07-20. The original page over time could change.
Хајндл сугерира договор пред летните одмори

Линкови за пристапност

  • Премини на главната содржина
  • Премини до страната за навигација
  • Пребарувај
  • Learning English
Јазици
Македонија

Хајндл сугерира договор пред летните одмори

  • Владимир Мирчески

  • Споделете на Фејсбук
  • Споделете на Твитер
  • Испратете до пријател

Поважно од датумот е исполнување на условите за одржување на демократски избори, рекол германскиот пратеник

Специјалниот германски пратеник Јоханес Хајндл сака да види напредок во спроведувањето на договореното во наредните неколку седмици. Тој на соговорниците им порачал дека Пржино е живо и дека меѓународната заедница очекува негово доследно имплементирање. Хајндл ја пренел позицијата дека странскиот фактор може да помогне, но дека пробивот во процесот треба да биде одговорност на политичките лидери.

За клучни фактори во процесот - тој ја реафирмирал потребата од суштинско прочистување на избирачкиот список и реформа во медиумската сфера. Неговата проценка била дека ако се има волја можен е договор. Хајндл сметал дека за успех на процесот партиите мора да покажат некаков позитивен развој пред летните одмори. Во однос на Специјалното јавно обвинителство ставот на германскиот пратеник бил дека мора да се обезбедат услови за непречено функционирање на тимот на Катица Јанева, како и соработка, а не опструкции од останатите државни инстуции.

По состаноците со Хајндл само лидерот на ДПА даде изјава со која потврди дека очекувањата се дека мора нешто да се сработи во наредните денови. Мендух Тачи е песимист за целиот преговарачки процес:

„Овој пат не се согласивме за една работа – меѓународната заедница смета дека тапкаме во место, но мое мислење е дека тонеме надолу, се враќаме назад. Не сум оптимист дека работите ќе се одвиваат позитивно. Санкциите и кратењето на ИПА-фондовите значат немање инвестиции однадвор. Претстои мал период, 7 или 10 дена, во кој посакувам напредок, но не гледам сериозност особено од страна на владата“ – изјави Тачи по средбата со Хајндл.

Веќе в понеделник политичките елити ги очекува нова рунда тешки разговори со меѓунардоната зедница, кога во Скопје доаѓа високата претставничка на Стејт департментот. Викторија Нуланд.

Повеќе коментари

Back to top
XS
SM
MD
LG