This version of the page http://mk.voanews.com/a/ramadan-factbox/3364129.html (0.0.0.0) stored by archive.org.ua. It represents a snapshot of the page as of 2016-07-12. The original page over time could change.
Што треба, а што не треба да се прави за Рамазан?

Линкови за пристапност

  • Премини на главната содржина
  • Премини до страната за навигација
  • Пребарувај
  • Learning English
Јазици
Актуелно

Што треба, а што не треба да се прави за Рамазан?


  • Споделете на Фејсбук
  • Споделете на Твитер
  • Испратете до пријател

Во период од еден месец, муслиманите од изгрејсонце до зајдисонце, се воздржуваат од јадење, пиење и од други физички потреби, како што се пушењето и сексот

Што: Милиони муслимани почнаа да го празнуваат Рамазан, деветиот и најсветиот месец во Исламскиот календар.

Што се случува: Во период од еден месец, муслиманите од изгрејсонце до зајдисонце, се воздржуваат од јадење, пиење и од други физички потреби, како што се пушењето и сексот. Најмалку два оброка на ден се јадат: суфур - пред зора, и ифтар - на залез на сонцето.

Зошто: Постот има цел да ја прочисти душата, да ја зголеми вербата во Господ, да ги потсети луѓето за страдањата на несреќните, како и да создаде жртва и самодисциплина.

Очекувања: Деца под 12-годишна возраст, стари лица, болни, жени кои се бремени, на нега или кои се во менструален период, како и луѓе кои патуваат се изземени од постот.

Како се утврдува датумот: Mуслиманите го користат месечевиот календар и Месечината за да го утврдат датумот, што значи дека разни држави може да почнат со празнување на Рамазан, со разлика од ден или два дена.

Понеделнички обред: Индонезија, најпознатата муслиманска земја во светот, како и Саудиска Арабија, Сингапур, Јемен, Либан, Сирија, Катар, Кувајт, Јордан, Египет, Обединетите Арапски Емирати, Авганистан, Централна Азија, Палестински територии, и САД меѓу другите.

Вторнички обред: Пакистан, Иран и поголемиот дел од Индија.

Крај на Рамазан: Оваа година, Рамазан завршува на 5 јули, и е проследен со три дена празник.

Back to top
XS
SM
MD
LG