This version of the page http://mk.voanews.com/a/3380870.html (0.0.0.0) stored by archive.org.ua. It represents a snapshot of the page as of 2016-07-04. The original page over time could change.
Њујорк тајмс: 51 американски дипломат во дисидентство

Линкови за пристапност

  • Премини на главната содржина
  • Премини до страната за навигација
  • Пребарувај
  • Learning English
Јазици
САД

Њујорк тајмс: 51 американски дипломат во дисидентство


  • Споделете на Фејсбук
  • Споделете на Твитер
  • Испратете до пријател

Во меморандум до кој дошол весникот дипломатите бараат напади на Асад, што е отстапување од политиката на Обама

Според извештај објавен во Њујорк тајмс, повеќе од 50 дипломати од Стејт департментот, потпишале интерен меморандум со кој остро се критикува политиката на администрацијата на Обама кон Сирија и тие повикуваат САД да извршат воени напади врз цели на владата на претседателот Башар ал Асад, со цел да престанат прекршувањата на договорот за прекинот огнот, постигнат порано годинава.

Во меморандумот, кој до весникот бил доставен од страна на претставник на Стејт департментот, се наведува дека американската политика била „совладана“ од жестокото насилство во Сирија. Во него се повикува на „промислено користење на воздушна сила, која ќе засили и поттикне на пореалистичен и порешителен дипломатски процес раководен од САД.“

Според наводите на Њујорк тајмс, меморандумот бил поднесен во т.н. „дисидентски“ канал каде вработените во Стејт департментот го искажуваат длабокото несогласување и фрустрација во рамки на администрацијата за политиката на справување со граѓанската војна во која досега загинаа повеќе од 400.00 луѓе.

Потписници на меморандумот се дипломати кои биле вклучени во спроведување на политиката на Обама кон Сирија во последните пет години.

Стејт департментот го воспоставил овој канал за време на Виетнамската војна како начин вработените кои имаат проблем со политиката да го регистрираат својот протест насочен кон државниот секретар и други врвни официјални лица без страв од реперкусии.

Портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби одби да коментира по протечениот меморандум.

Back to top
XS
SM
MD
LG