петок, 20 мај 2016
Гледајте

 Newsflash
 Вести од САД во минута
 Американски експерти за руското влијание во Македонија

Актуелно / САД

Јагленот ќе реши кој ќе победи

Иднината на рударската индустрија главна тема на кампањите на Доналд Трамп и Хилари Клинтон во Западна Вирџинија.

Најверојатниот републикански и демократски кандидат за претседателските избори во САД со различен прием во Западна Вирџинија, благодарение пред се на нивните ставови кои ја засегаат индустријата за јаглен, главен економски двигател во оваа сојузна држава.

Доналд Трамп во четвртокот беше пречекан со овации по неговиот говор за поддршка на рударскиот сектор на собирот во Чарлстон, главниот град на оваа сојузна државата.

„Ако победам, ќе ги вратиме рударите назад. Ќе бидете многу горди на вашиот претседател“, изјави тој. Тие искажаа негодување кога тој ја спомена Хилари Клинтон.

Во март, кога таа зборуваше за своите планови за воведување на обновливи извори на енергија, Клинтон кажа дека многу од рударите и компаниите за јаглен ќе останат без работа, а во исто време кажа дека работниците треба да бидат сигурни дека не се заборавени.

Но, нејзините коментари не наидоа на одобрение во Западна Вирџинија, каде што околу 16.000 луѓе директно работат во оваа индустрија, вредна 7 милијарди долари и носи стотици милиони долари приходи во даноци за државата годишно.

Преземете ја апликацијата на Гласот на Америка за мобилни телефони и таблет-компјутери

 

NEWSFLASH

Your JavaScript is turned off or you have an old version of Adobe's Flash Player. Get the latest Flash player.
Newsflashi
▶ || 0:00:00
... ⇱  
  • 264p / 30,0MB
  • 352p / 43,0MB
  • 576p / 88,0MB
 
 
X
20.05.2016
Првата и единствена редовна ТВ-емисија на македонски јазик од еден странски медиум.

АКТУЕЛНО

Главниот осомничен за ноемврискиот терористички напад во Париз пред суд

САД и три европски држави со упатства за односите со Иран

Пронајдени остатоци од урнатиот египетски авион

Кибернетска војна на САД против ИСИС

Македонскиот „Реактор Истражување во акција“ – добитник на грант од НДИ

Вести од САД во минута

Your JavaScript is turned off or you have an old version of Adobe's Flash Player. Get the latest Flash player.
Вести од САД во минутаi
▶ || 0:00:00
... ⇱  
 
X
19.05.2016

Дружете се со нас