This version of the page http://www.makdenes.mobi/a/27677708.html (0.0.0.0) stored by archive.org.ua. It represents a snapshot of the page as of 2016-04-25. The original page over time could change.
Два протести во Скопје - Илјадници луѓе на улиците

Достапни линкови

  • Оди на содржината
  • Оди на главната навигација
  • Премини на пребарување
Македонија

Два протести во Скопје - Илјадници луѓе на улиците

  • Фросина Димеска

3:00
Демонстрантите пред Влада - Никола, готово е!
0:00:00
  • Сподели на Фејсбук
  • Сподели на Твитер

Граѓаните револтирани поради одлуката за аболиција што ја донесе претседателот Ѓорге Иванов веќе четврти ден протестираат. Денеска тие протестираа на неколку локации, а протестот заврши пред Влада. Истовремено имаше и протест пред седиштето на СДСМ.

Неколку илјади демонстранти вечерва успеаа да стигнат пред зградата на Владата откако беа блокирани прво пред Собранието, потоа на Камениот мост, па на крај во близина на Владата. Но полицискиот кордон потоа се повлече и демонстрантите стигнаа до таму, каде што извикуваа „Готово е Никола „ „Николче диктаторче“.

Граѓаните почнаа да се собираат во 18 часот пред просториите на Специјалното јавно обвинителство, а потоа заминаа кон Собранието каде што беа спречени од полициски кордон во близина на Порта Македонија. Таму извикуваа „наше е Собранието“, а во портата завршија и јајца и боја.

Од таму се обидоа да преминат и преку Камениот мост, но исто така беа спречени од полицијата, а бројот на насобрани почна да се зголемува. Иако имаше обиди дел од насобраните да фрлаат кон полицијата поголемиот дел од демонстрантите ги спречи во таквата намера.

Речиси истовремено зад трговскиот центар Рамстор почнаа да се собираат приврзаниците на владејачката партија во организација на ГДОМ. Со автобуси и комбиња од цела Македонија беа донесени на собирното место. Потоа со зурли и тапани, македонски народни песни и извици „Никој ништо не ти може, Никола“, неколку илјади луѓе, пристигнаа пред седиштето на СДСМ.

Полицискиот кордон беше поставен на крстосницата на улицата, на стотина метри од седиштето на опозициската партија, но демонстрантите не се ни обидоа да го поминат. Велат дека протестираат против аболицирањето на лидерот на СДСМ Зоран Заев и поранешениот прв разузнавач Зоран Верушевски, како и против, како што велат, обидите на СДСМ за растурање на Македонија.

2:08
ГДОМ - Никој ништо не ти може, Никола
0:00:00

Скопје цел ден под полициска блокада

Скопје уште од рано попладнето беше под силно полициско обезбедување и речиси целиот центар на градот беше блокиран.

Ова е четврта ноќ протести по одлуката на Иванов да ги аболицира сите вклучени во аферите Пуч и Прислушување. Демонстрантите во организација на некои движења и невладини организации бараат оставка од него, повлекување на аболицијата и поништување на одлуката за избори на петти јуни кои денеска претседателот на собранието Трајко Вељаноски и официјално ги распиша.

Контрадемонстрантите, пак се противат на политичките помилувања само на Заев и на Верушевски и порачуваат дека СДСМ се спасил од судот, но не и од народот. Тие велат дека ја поздравуваат ваквата одлука и даваат поддршка за одржување на избори на 5-ти јуни. Министерството за внатрешни работи неколку дена ги дели двете групи со силно полициско обезбедување.

Иванов останува на одлуката

Но и покрај жестоките реакции на голем дел граѓани што ги предизвика Иванов со аболицијата тој и денеска повтори дека останувал на својата одлука. Пред три дена донесов одлука која е исклучиво во интерес на државата и на граѓаните на Република Македонија и по сите реакции, како и тогаш, така и сега, цврсто сум убеден дека таквата одлука ќе помогне за надминување на политичката криза и намалување на тензиите меѓу политичките противници, рече тој.

„Останувам на одлуката. Уште еднаш повторувам, секој оној кој смета дека сум му одземал право, сторил лоша услуга и својата невиност сака да ја докаже на суд, го повикувам лично во писмена форма да поднесе барање за поништување на одлуката која се однесува на него. Кога ќе ги добијам таквите барања, ќе повикам правни експерти да понудат можно правно решение. И политичките партии можат со свои правни експерти да се вклучат во овој процес, потенцира шефот на државата”, рече Иванов.

Претходно ВМРО-ДПМНЕ до него упати писмено барање за како што беше наведено дда ја преиспита одлуката за прекинување на постапката за политичари од власта и од опозицијата.

И претседателот на СДСМ Зоран Заев упати писмо до Иванов наведувајќи дека имал причини без број да ја укинел како што рече таа срамна одлука којашто го урнисала уставот и законите во Република Македонија.

„Тоа го правиме континуирано и денеска го направивме на писмено. Дури го упатив на сите правни детали, согласно нашите правни тимови коишто ги знаат сите детали. Се повикува на закон од 1993-та година и член 11 што е укинат и не постои. Го упативме и го потсетивме дека ваква техничка грешка еднаш направил укинувајќи го актот за помилување на господинот Ламбе Арнаудов. Но, сега и покрај техничка има и суштествена грешката. Има причини без број да ја укине оваа срамна одлука“, рече Заев.

Инаку Заев претходно се сретна и со претседателот на ДУИ Али Ахмети кој исто така се потпиша на иницијативата за барање на одговорност од Иванов. Писмено барање до него за поништување на аболицијата поднесе и поранешниот претседател Бранко Црвенковски.

  • Фросина Димеска

    Регистрирај се

Поврзано

  • Изборите распишани, избирачкиот список неизвесен

  • Аболицијата ќе стане „техничка грешка“?

  • Протестите против помилувањата продолжуваат

  • Талески - Не барав да бидам аболициран

  • Политичката криза се решава на улица

Можеби ќе ви се допадне

  • Македонија

    Неделници ги анализираат протестите и контра-протестите

  • Интервју

    Солунчев: Народот стана како Лојд од „Глупав и поглупав“

  • Македонија

    Лавовите кај мостот „Гоце Делчев“ - дел од шарената револуција

  • Саботна анализа

    Односите ЕУ - САД ги посматраме локално

  • Македонија

    Агенција за медиуми во боја

Покажи ги коментарите

Back to top
XS
SM
MD
LG