недела, април 24, 2016 Скопје 13:52
Аудио мени
Мултимедиа
Слушај
Како да слушате
Радио Програма
Распоред
Подкаст
Аудио помош

Видео
Фотогалерии
ТВ Слободна Европа
 Спомениците на двата лава во боја
 Дали Обама предолго је игнорираше Европа?

    ТВ Прилог

    ЕУ: Милијарда евра и поостра гранична контрола

    Европските лидери се согласија да дадат милијарда евра помош за Сиријците во бегалските кампови во Турција, Јордан и Либан. Финансиска помош ќе им биде дадена и на Македонија и на Србија за справување со мигрантската криза. На самитот во Брисел е договорено и поостра контрола на надворешните граници на Европската унија.

    ЕУ: милијарда евра и поостра гранична контролаi
    ▶ || 0:00:00
    ... ⇱  
    • 264p / 6,0MB
    • 352p / 9,0MB
    • 480p / 15,0MB
     
     
    X
    24.09.2015
    Европските лидери се согласија да дадат милијарда евра помош за Сиријците во бегалските кампови во Турција, Јордан и Либан. Финансиска помош ќе им биде дадена и на Македонија и на Србија. На самитот во Брисел е договорено и поостра контрола на надворешните граници.
    ЕУ: милијарда евра и поостра гранична контрола

    Текстови на слична тема

    • Забрзан транзитот на мигрантите низ Македонија
    • Мигрантската криза топ тема и на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“
    •  Балкански кавги околу мигрантите
    •  Продолжува мигрантската кризна состојба
    •  За мигрантите нема граница меѓу Табановце и Прешево
    Гоце Атанасов

    Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјави дека парите ќе одат за Високиот комесаријат за беглаци на Обединетите нации, за Светската програма за храна и за други агенции со цел да се обезбедат подобри услови за сириските бегалци во Турција, Јордан, Либан и другите земји.

    „Јасно е дека најголемиот бран бегалци и мигранти треба допрва да дојде. Затоа ни е неопходна правилна политика на отворени врати и прозорци. Фокусот би требало да биде врз соодветната заштита на нашите надворешни граници и врз помошта на земјите во нашето соседство“, изјави Туск по седумчасовниот вонреден самит во Брисел.

    x

    Тој додаде дека лидерите се договорија до крајот на ноември да бидат формирани центри во Грција и Италија каде што експерти на Унијата брзо ќе ги идентификуваат и регистрираат луѓето на кои им е потребен азил.

    Според договорените мерки, Европската унија ќе распореди повеќе персонал и патроли на нејзините граници.

    Јасно е дека најголемиот бран бегалци и мигранти треба допрва да дојде. Затоа ни е неопходна правилна политика на отворени врати и прозорци. Фокусот би требало да биде врз соодветната заштита на нашите надворешни граници и врз помошта на земјите во нашето соседство.

    „Овие мерки нема да и стават крај на кризата. Но, тие се неопходни чекори во вистинска насока“, изјави Туск, оценувајќи дека лидерите овој пат биле единствени околу задолжителните квоти за релоцирање на 120 илјади бегалци во земјите членки на Унијата.

    Истото го оцени и претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер кој прецизира дека лидерите се согласиле оти мигрантската криза не може да се решава како и досега, бидејќи ќе потраела.

    Во Сирија во моментов има околу осум милиони раселени, додека во соседните земји околу 4 милиони бегалци, што според, Доналд Туск, укажува дека во иднина милиони луѓе ќе се упатувале кон Европската унија.

    x

    „Конфликтите на Блискиот Исток, посебно во Сирија и Ирак, нема наскоро да завршат. Тоа значи дека ние денес зборуваме за милиони потенцијални бегалци кои сакаат да стигнат во Европа, не за илјадници“, рече Туск.

    Скоро половина милион од нив, главно преку балканската рута, веќе стигнаа во Унијата. Овој огромен мигрантски бран, како и справувањето со него предизвика поделби меѓу членките на Унијата.

    И додека Германија ги отвори вратите за мигрантите и бегалците Унгарија подигна ограда на границата со Србија, додека некои источни земји членки на Унијата не се согласуваа со задолжителните квоти на релоцирање на бегалците.

    Францускиот претседател Франсоа Оланд ги критикуваше овие земји.

    „Оние кои не ги делат нашите вредности, кои дури не сакаат да ги почитуваат овие принципи, треба да почнат да се прашуваат самите за тоа дали им е местото во Европската унија“, изјави Оланд.


    Гоце Атанасов

    atanasovg+rferl.org

    Овој форум е затворен
    Коментирајте
         
    Нема коментари во овој форум. Бидете први и дадете коментар.

    Најнови вести

    • Северна Кореја успешно тестирала балистичка ракета

      Повеќе

      Протести во Германија пред посетата на Обама

      Повеќе

      Нарушено примирјето во Сирија, 31 жртва

      Повеќе

      Обама повика на поголем притисок врз Исламската држава

      Повеќе

      Претседателски избори во Австрија

      Повеќе
    • Каримова треба да врати пола милијарда долари

      Повеќе

      Меркел бара специјални зони за бегалците во Сирија

      Повеќе

      Попоски во посета на Иран

      Повеќе

      Вонредни парламентарни избори во Србија

      Повеќе

      Променливо облачно со повремен дожд

      Повеќе
    previous
    •  
    •  
    next
    Најпосетени
    1. Аболицијата ќе стане „техничка грешка“? (7815)
    2.  „Шарено“ пред Влада, „весело“ пред Собрание (7740)
    3.  Помилувањето важи за луѓето, не и за украдените пари (3858)
    4. Солунчев: Народот стана како Лојд од „Глупав и поглупав“ (3472)
    5.  Протестите против помилувањата продолжуваат (3201)
    Најгледани
    1.  Демонстрантите пред Влада - Никола, готово е!
    2.  Шарена револуција, истурена боја пред Влада
    3.  ГДОМ - Библиска Македонија сака избори
    4.  СЈО продолжува со работата
    5.  Гошев - Постапките на власта заслужуваат експлозија од незадоволство
    Најкоментирани
    1. Аболицијата ќе стане „техничка грешка“?
    2. Иванов – Кој не сака аболиција, нека го побара тоа писмено
    3. Два протести во Скопје - Илјадници луѓе на улиците
    4. Владите брзаат да им даваат пари на постарите
    5. Гошев - Постапките на власта заслужуваат експлозија од незадоволство

    Избор на уредникот

    • Интервју

      Солунчев: Народот стана како Лојд од „Глупав и поглупав“

      Народот е корумпиран и затоа ја изгуби желбата за дознавање на...

      Повеќе

      Македонија

       Лавовите кај мостот „Гоце Делчев“ - дел од шарената револуција

      „Шарената револуција“ денеска, 11 ден ги продолжи своите протести,...

      Повеќе

      Саботна анализа

      Односите ЕУ - САД ги посматраме локално

      Jавностa ги гледа работите локално, преку вклученоста САД и...

      Повеќе

      Македонија

       Агенција за медиуми во боја

      Агенцијата за медиуми во Скопје вечерва беше обоена од антивладините...

      Повеќе
    • Македонија

      Винчиќ во потрага по хероината во себе

      „Интуитивна исповед“ е насловена самостојната изложба на Гордана...

      Повеќе

      Македонија

      Тешко на маса со аболицирани политичари

      Актот на помилување на криминал во највисокиот државен врв ги прави...

      Повеќе

      Македонија

      Власта ги искорумпира и граѓаните

      Партиите, кога се на власт, акумулираат огромна моќ и влијаат врз...

      Повеќе

      Македонија

      Мигрантите во Табановце спасот го гледаат само на север

      Околу 850 мигранти со недели престојуваат во транзитниот центар за...

      Повеќе
    previous
    •  
    •  
    next

    Радио програма