This version of the page http://www.makdenes.mobi/a/2220378.html (0.0.0.0) stored by archive.org.ua. It represents a snapshot of the page as of 2016-03-28. The original page over time could change.
ПАСОК ја освои Атина

Достапни линкови

  • Оди на содржината
  • Оди на главната навигација
  • Премини на пребарување
Регион

ПАСОК ја освои Атина

  • Гоце Атанасов

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу

  • Сподели на Фејсбук
  • Сподели на Твитер

Владејачката грчка социјалистичка партија ПАСОК на премиерот Јоргос Папандреу, и покрај критиките поради мерките на штедење што ги спроведува, освои тесна победа на вчерашниот втор круг од локалните избори. Изборите беа карактеристични и по рекордно нискиот одѕив на гласачите.

Кандидатите на владејачкиот ПАСОК, според неофицијалните резултати, победија во осум од 13 региони во Грција.

Власта во Атина, за прв пат по 24 години доминација на десницата, им припадна на социјалистите.

Градоначалникот во заминување Никитас Какламанис веќе му ја честиташе победата на својот ривал Јоргос Каминис кој ја има поддршката на ПАСОК.

Социјалистите добија свој градоначалник и во вториот град по големина Солун кој повеќе од 20 години беше главно упориште на десницата.

Од друга страна, социјалистите по победата на изборите пред четири години, ја загубија власта во Пиреја. Папандреу го поздрави успехот на својата партија, нагласувајќи дека граѓаните и го покажаа патот на владата за продолжување на нејзината работа.

Грчката претседателска гарда Евзони

„Тие гласаа за стабилност. Денес имаме пред себе тригодишен мандат да продолжиме да ја менуваме Грција“, изјави премиерот

И покрај фактот дека се наоѓаме во средината на една болна криза постои широк консензус и вистинско разбирање во нашето грчко општество дека она што го презедовме е неопходно за иднината на нашата земја.
Папандреу.

Тој ги поздрави, како што рече, жртвите што ги поднесуваат Грците за излегување од кризата.

„И покрај фактот дека се наоѓаме во средината на една болна криза постои широк консензус и вистинско разбирање во нашето грчко општество дека она што го презедовме е неопходно за иднината на нашата земја“, изјави Папандреу во врска со покажаните резултати.

Вчерашните избори беа тест за неговата политика и за штедењето што по барање на ММФ и Европската унија е во сила во Грција како дел од напорите за излегување на земјата од тешката финансиска криза.

Меѓутоа, повеќе од 50 отсто од гласачите не излегоа на изборите, што претставува своевиден рекорд. Аналитичарите тоа го објаснуваат со општото незадоволство во земјата која веќе две години минува низ голема рецесија.

Во Атина излегоа само 34 отсто, додека просекот во целата земја беше 47 проценти, бројки кои за опозициските партии претставуваат јасна потврда за незадоволството на народот од владата.

„Гласачите ја повикаа владата да го смени курсот и да ја напушти политиката на задушување на економијата“, изјави лидерот на опозицијата, конзервативецот Антонис Самарас.

Протести против владините мерки за штедење во Атина во јули

И синдикатите, кои патем речено се во доминација на ПАСОК, не изразија големо воодушевување од победата на владата и најавија дека ќе продолжат со плановите за одржување генерален штрајк во идниот месец.

„Реформите досега беа нефер и еднострани“, изјави Јанис Панагопулос, лидерот на најголемиот синдикат во Грција.

Тој додава дека никому не му е до тоа да види која партија е посилна, туку дали ваквиот неправичен курс ќе продолжи или нешто ќе се смени.

До завршувањето на изборите дојде само на неколку часа пред очекуваната инспекција на Европската унија и ММФ за она што го сработила Атина во врска со доделениот заем од 110 милијарди евра за спас на земјата од банкрот.

Имено, од денеска во еднонеделна мисија во Атина престојува делегација на ММФ и Унијата за да утврди дали она што го презеде владата е доволно за доделување на третата транша од заемот.

  • Гоце Атанасов

    Регистрирај се

Поврзано

  • Самит на ЕУ за буџетските правила

  • Забавена обновата на светската економија

  • Економија - САД лидери, Кина втора

  • Реформи и Штрајк

  • Централизирана Контрола во ЕУ?

  • Грција, нереди

  • Грција во криза

Можеби ќе ви се допадне

  • Интервју

    Алтхаузер - Клучен е квалитетот на изборите

  • Македонија

    „Старицата од Калкута“ - врисок за успокојување на човекот

  • Саботна анализа

    Партиските пари тешко се следат

  • Македонија

    Јанева со главна улога на политичка сцена

  • Македонија

    Администрацијата се крена против лошите закони

Back to top
XS
SM
MD
LG