This version of the page http://www.makdenes.mobi/a/1939345.html (0.0.0.0) stored by archive.org.ua. It represents a snapshot of the page as of 2016-03-28. The original page over time could change.
Нови правила за стари автомобили?

Достапни линкови

  • Оди на содржината
  • Оди на главната навигација
  • Премини на пребарување
Економија

Нови правила за стари автомобили?

  • Пелагија Стојанчова

  • Сподели на Фејсбук
  • Сподели на Твитер

Премиерот Груевски најави дека се размислува да се зголеми старосната граница за увоз на половни автомобили. Импротерите на нови возила се против, екологистите сметаат дека тоа негативно ќе влијае на животната средина, а експертите за сообраќај се загрижени за влијанието на безбедноста

Најавата на Премиерот Никола Груевски дека се размислува да ја зголемат старосната граница за увоз на половни автомобили, наиде на различни коментари. Увозниците на нови автомобили на тоа гледаат негативно, еколошките организации се загрижени за животната средина, експертите за сообраќај за безбедноста. Премиерот Никола Груевски изјави дека со одлуката треба да им се олесни на

Кај нас нема таква логистика и развиеност за да може после тоа тие возила да се опслужуваат во Макеоднија. Тоа значи дека услугата која што после тоа граѓанинот ќе ја бара, на нашиот пазар нема да му биде овозможена.
граѓаните да си купат автомобил, затоа што овие луѓе не купуваат стари автомобили затоа што сакаат туку затоа што немаат пари да си купат нов автомобил. А и ќе се решел проблемот со странски регистарски таблички. Додека власта прави анализи колку ќе биде старосната граница, дали тоа ќе биде 11, 12 или 13 години дистрибутерите на нови автомобили, тврдат дека со ваквата одлука власта им прави лоша услуга на граѓаните.

,,Кај нас нема таква логистика и развиеност за да може после тоа тие возила да се опслужуваат во Макеоднија. Тоа значи дека услугата која што после тоа граѓанинот ќе ја бара, на нашиот пазар нема да му биде овозможена."

Честа слика на македонските патишта – запрежна кола

изјави Златко Калеников, претседател на групација на импортери на нови возила.

Автоматските мерења на загаденоста на воздухот покажуваат дека најголеми аерозагадувачи се индустриските капацитети, старите автомобили кои користат неквалитетни горива, а во зимно време и топлификациските станици.

Ние и до сега имаме многу стари возила во Македонија и тоа не би придонело за екстремно зголемување на загаденоста, ниту се подобрува ниту се влошува досегашната состојба со загаденоста,
Досега во земјава се користеа за увоз на стари возиле важеа Еуро 3 стандардите, кои предвидуваат помала емисија на штетни издувни гасови, сигурносни елементи и помала бучавост, а отсега ќе се бараат пониските, Еуро 1 и Еуро 2 стандарди. Од невладината организација ,,Проактива" велат дека нивниот генерален став е против користење на возила, особено на стари, но дека со оваа одлука нема битно да се влијае врз загадувањето на средината.

,,Ние и до сега имаме многу стари возила во Македонија и тоа не би придонело за екстремно зголемување на загаденоста, ниту се подобрува ниту се влошува досегашната состојба со загаденоста,"

вели инжинерот за животна средина Милан Неделовски.

Големата застапеност на старите автомобили се смета за причина за значителен број сообраќајни несреќи низ целата земја. Затоа пред неколку години се воведоа измени во законот со кој постарите возила мораат двапати годишно да се носат на технички преглед. Просечната старост на возилата по македонските патишта е меѓу 15 и 20 години.

  • Пелагија Стојанчова

    Регистрирај се

Можеби ќе ви се допадне

  • Интервју

    Алтхаузер - Клучен е квалитетот на изборите

  • Македонија

    „Старицата од Калкута“ - врисок за успокојување на човекот

  • Саботна анализа

    Партиските пари тешко се следат

  • Македонија

    Јанева со главна улога на политичка сцена

  • Македонија

    Администрацијата се крена против лошите закони

Покажи ги коментарите

Back to top
XS
SM
MD
LG