This version of the page http://www.makdenes.mobi/a/1905337.html (0.0.0.0) stored by archive.org.ua. It represents a snapshot of the page as of 2016-03-28. The original page over time could change.
Европски идентитет

Достапни линкови

  • Оди на содржината
  • Оди на главната навигација
  • Премини на пребарување
Свет

Европски идентитет

  • Гоце Атанасов

Бенита Фереро Валднер

  • Сподели на Фејсбук
  • Сподели на Твитер

Бенита Фереро Валднер пет години беше комесар на Европската унија за надворешни работи пред таа функција да ја преземе Кетрин Ештон. Таа за Радио Слободна Европа вели дека овие земји треба да го прифатат фактот оти потребните реформи за да станат членки на Унијата некогаш траат со генерации.

Што значи Европа и каде, според вас, таа завршува, беше првото прашање за Бенита Фереро Валднер која пет години беше на чело на ресорот задолжен за надворешните односи на Европаката унија.

,,Најпрвин, мислам дека постои извесен европски идентитет. Имаме заедничка историја, заедничка култура и заеднички вредности. Тоа јасно се гледа кога ќе одите на други континенти. Таму навистина чувствувате дека нешто ве држи заедно. Затоа мислам дека границите не се географски, туку тоа се граници на извесен европски идентитет.,,

Вели Валднер која запрашана што за неа значи поимот европски вредности и постојаното инсистирање на Брисел тие вредности безусловно да бидат прифатени од владите кои сакаат нивните земји да станат дел од Европа одговара:

Најпрвин, мислам дека постои извесен европски идентитет. Имаме заедничка историја, заедничка култура и заеднички вредности. Тоа јасно се гледа кога ќе одите на други континенти. Таму навистина чувствувате дека нешто ве држи заедно...

,,Мислам дека наша цел е сите земји да имаат исти вредности. Но, исто така мислам дека мораме да ја имаме предвид и историјата на некои од овие земји. За некои вредности ќе мора да им помогнеме да ги достигнат и тоа е што се обидував да го правам во мојот изминат мандат.,,

Наведува Бенита Фереро Валдер која е позната како голем приврзаник на решавањето на споровите преку дијалог. Дали за неа воведувањето санкции е оправдан потег на Европската унија?

,,Мислам дека навистина санкциите не не носат многу далеку. Можете да имате ваква или онаква политика, но секогаш мора да се вратите назад и да се запрашате, што навистина е поконструктивно? Лично верувам дека конструктивниот ангажман ни носи подобри резултати од изолацијата.,,

Европската комисија смета дека проширувањето е најуспешниот инструмент на надворешната политика на Европската унија. Токму затоа, без ветување за пристап на источноевропските земји изгледа дека Брисел се обидува да ги реформира нив со една рака врзана зад грб?

,,Постои мислење дека проширувањето може да промени сè. Но, јас не сум на тоа мислење. Постојат и други важни политики кои можат овие земји да ги донесат поблиску до Европа. Битно е тие да созреат.,,

Карл Билд и Бенита Фереро Валднер

Вели Валдер која во врска со неодамнешната забелешка на шефот на шведската дипломатија Карл Билд дека некои од источно европските земји сега се поранливи од пред пет години и покрај тоа што прават напори за да влезат во Унијата вели:

,,Секако дека постојат политики околу овие земји кои не можете целосно да ги запоставите. Тука е Русија која на овие земји гледа одблиску. Мислиме дека овие земји би требало да го искористат моментот за да ни се приближат. Нивното стабилизирање не е против Русија, туку е од полза за сите.,,

Вели Бенита Фереро Валднер, според која, Русија е голема европска земји и оти токму затоа не мисли дека еден ден ќе стане членка на Европската унија. Русија, според неа, по советската фаза ќе мора полека да ги запознава европските вредности а за тоа, како што вели, некогаш се потребни неколку генерации.

  • Гоце Атанасов

    Регистрирај се

Можеби ќе ви се допадне

  • Интервју

    Алтхаузер - Клучен е квалитетот на изборите

  • Македонија

    „Старицата од Калкута“ - врисок за успокојување на човекот

  • Саботна анализа

    Партиските пари тешко се следат

  • Македонија

    Јанева со главна улога на политичка сцена

  • Македонија

    Администрацијата се крена против лошите закони

Back to top
XS
SM
MD
LG