This version of the page http://www.makdenes.mobi/a/1903471.html (0.0.0.0) stored by archive.org.ua. It represents a snapshot of the page as of 2016-03-28. The original page over time could change.
Се создаваат услови за продажба на Македонска берза

Достапни линкови

  • Оди на содржината
  • Оди на главната навигација
  • Премини на пребарување
Економија

Се создаваат услови за продажба на Македонска берза

  • Александар Пешев

Продажбата на берзата не е главниот услов за решавање на ликвидноста

  • Сподели на Фејсбук
  • Сподели на Твитер

Раководството и акционерите на Македонската берза се заинтересирани за продажба на акционерското друштво на странски инвеститор. Сепак, слабата ликвидност и нетранспарентните финансиски извештаи, според упатените, нема веднаш да се решат со продажбата

Раководството и акционерите на Македонската берза се заинтересирани за продажба на акционерското друштво на странски инвеститор. Сепак, слабата ликвидност и нетранспарентните финансиски извештаи, според упатените, нема веднаш да се решат со продажбата, опција која ја презентираше министерот за финансии Зоран Ставрески.

Од Македонската берза потврдуваат дека и раководството и акционерите се заинтересирани за продажба. Според Евита Иванова од Македонската Берза, со продажбата, меѓу другото, ќе се овозможи и влез на повеќе странски инвестиции

,,Со самото тоа ќе придонесе за една зголемена дистрибуција на податоци, а ќе биде зголемена и способноста за развивање на нови поизводи, како и на привлекување на нови компании на котација. А на тој начин ќе имаме можност и за привлекување на нови странски инвеститори кои ќе бидат вон од регионот“

Во моментов поголем проблем за инвеститорите е нетранспаретноста на компаниите и прикривањето на нивните добивки

За да се продаде берзата, потребни се законски измени, додава Иванова, посочувајки дека тајмингот е многу важен

,,Законските одредби не дозволуваат некој да поседува повеќе од 10 отсто од акционерскиот капитал. Тоа треба да се овозможи со новите законски измени“

Берзанскиот аналитичар Крсте Шајноски посочува дека идеата за продажба на Македонската берза датира уште од пред две години

,,Значи, таа била актуелна пред две години и сега е актуелна и ќе биде актуелна се додека не се реализира. Тоа е процес кој мора да се случи и бенефитите од таквиот процес се повеќе од јасни. Мислам дека тоа не е главниот услов за решавање на проблемот на неликвидноста на домашниот пазар на хартии од вредност и неговата плиткост.

Шајновски додава дека неликвидноста и финансиските извештаи на компаниите се дел од главните проблеми кои се појавуваат на пазарот за хартии од вредност

,,Мислам дека во моментот поголем проблем за инвеститорите е транспарентноста, односно нетранспарентноста на компаниите кои формално-правно, преку законските акти е обезбедена, а всушност ја нема. И друг проблем се финансиските извештаи на компаниите, прикривањето на добивките од страна на менаџерските тимови, односно нивното испумпување се уште не е атрактивно во однос на реалното прикажување“

Претседателот на групацијата на друштва за управување со фондови Александар Манев вели дека продажбата на берзата на поголем странски инвеститор на подолг рок ќе го реши проблемот со слабата ликвидност

,,Сигурен сум дека долгорочно, за некои две до три години, тоа би донело зголемување на ликвидноста и пред се зголемување на атрактивноста на компаниите кои котираат на Македонска берза. Се надевам дека тоа ќе биде во рамките на некоја регионална квалитетна берза“

Инаку во изминативе осум трговски дена индексот на десетте најликвидни компании на берзата бележи пад.

  • Александар Пешев

    Регистрирај се

Можеби ќе ви се допадне

  • Интервју

    Алтхаузер - Клучен е квалитетот на изборите

  • Македонија

    „Старицата од Калкута“ - врисок за успокојување на човекот

  • Саботна анализа

    Партиските пари тешко се следат

  • Македонија

    Јанева со главна улога на политичка сцена

  • Македонија

    Администрацијата се крена против лошите закони

Back to top
XS
SM
MD
LG