This version of the page http://www.makdenes.mobi/a/1858147.html (0.0.0.0) stored by archive.org.ua. It represents a snapshot of the page as of 2016-03-28. The original page over time could change.
Расте цената на нафтата

Достапни линкови

  • Оди на содржината
  • Оди на главната навигација
  • Премини на пребарување
Економија

Расте цената на нафтата

  • Александар Пешев

  • Сподели на Фејсбук
  • Сподели на Твитер

На светските пазари расте цената на нафтата. Домашните економски експерти предупредуваат дека доколку Македонија не се прилагоди на овие промени ќе има последици за увозот, извозот и трговскиот дефицит.

Цените на нафтата на светските пазари растат. Цената на сировината за една година руши рекорди, откако во фебруари и март бележеше легендарен пад на околу 35 долари по барел, неделава суровината се продава за 82 долари. Истовремено, американскиот долар слабее во однос на еврото. Економистите се согласуваат дека растот на цената на нафтата се должи на опоравувањето на светската економија од кризата, но предупредуваат дека ако Македонија не се прилагоди на овие промени ќе има последици за увозот, извозот и трговскиот дефицит. Професорот Тихомир Јовановски вели дека Македонија е зависна од енергенсот и мора да се прилагоди на цените кои владеат на светскиот пазар:

Ако нема приспособување тогаш ќе дојде до големо покачување на цените на производите кои се произведуваат, а користат таква енергетска сила, тоа значи цените на мало, односно тоа значи инфлацијатa

,,Ако нема приспособување тогаш ќе дојде до големо покачување на цените на производите кои се произведуваат, а користат таква енергетска сила, тоа значи цените на мало, односно тоа значи инфлацијата."

Графички приказ на движењето на цената на нафтата
Прилагодувањето, според Јовановски може да се направи на два начина. Првиот начин е со штедење или замена на нафтата со други енергенси. Втор начин според Јовановски е воведување на поинаков девизен курс:

,,Ако би се вовел поинаков девизен курс, јас често пати велам, поблаго формирање нагоре и надолу, тогаш ќе ги натера стопанствениците што увезуваат нафтени деривати бидејќи ќе плаќаат повисока цена и тешко ќе можат да продаваат, или ќе одат на намалување на увозот со замена на други енергенти или по пат на влијание на штедењето на тој енергенс."

Економскиот аналитичар Ден Дончев очекува дека трендот на раст на нафтата на светските пазари нема да престане. Според него, поскапувањето на нафтата може да влијае на извозот:

,,Бидејќи нафтата е еден од главните компоненти на увоз за потребите на домашната економија значи може да очекуваме дека ќе имаме поголем одлив на девизи поради зголемената цена на нафтата."

Значи може да очекуваме дека ќе има негативен ефект врз трговскиот дефицит како целина

Дончев додава дека скапата нафта може негативно да влијае и на трговскиот дефицит на земјава:

,,Значи може да очекуваме дека ќе има негативен ефект врз трговскиот дефицит како целина, што значи дека ќе се одлеат поголем број на девизи надвор од Македонија."

Неделава барел од оваа суровина се продаваше за 82 американски долари, а денеска се бележи пад на вредноста од 0,5 проценти, што значи дека за барел нафта се плаќа 81 американски долар.

  • Александар Пешев

    Регистрирај се

Можеби ќе ви се допадне

  • Интервју

    Алтхаузер - Клучен е квалитетот на изборите

  • Македонија

    „Старицата од Калкута“ - врисок за успокојување на човекот

  • Саботна анализа

    Партиските пари тешко се следат

  • Македонија

    Јанева со главна улога на политичка сцена

  • Македонија

    Администрацијата се крена против лошите закони

Back to top
XS
SM
MD
LG