This version of the page http://www.makdenes.mobi/a/27261876.html (0.0.0.0) stored by archive.org.ua. It represents a snapshot of the page as of 2016-03-16. The original page over time could change.
Балкански кавги околу мигрантите

Достапни линкови

  • Оди на содржината
  • Оди на главната навигација
  • Премини на пребарување
ТВ Прилог

Балкански кавги околу мигрантите

  • Гоце Атанасов

2:40
Балкански кавги околу мигрантите
0:00:00
Директен линк
  • 264p | 7,2MB
  • 352p | 12,9MB
  • 480p | 26,5MB
  • Сподели на Фејсбук
  • Сподели на Твитер

Поделбите во ЕУ како да се распореди товарот од мигрантската криза се одразуваат и врз земјите на Балканот кои се почесто се обвинуваат за тоа како се справуваат со мигрантите. Војната со зборови најчесто е зачинета со потценување на напорите на другата земја со оценки дека тие биле срамни и патетични.

Тешката ситуација во врска со илјадниците баратели на азил ги обнови старите разлики меѓу Србија, Хрватска и Словенија кои датираат уште за време на распадот на поранешната Југославија. Истовремено, мигрантската криза создаде нови тензии.

Унгарската одлука да ја затвори границата со Србија натера илјадници луѓе од Блискиот Исток, Африка и Азија да се свртат кон Хрватска.

Најпрвин Хрватска добро ги пречекуваше, мислејќи дека тие едноставно преку Словенија ќе продолжат за Австрија и Германија.

Долг е списокот за што можеме да се обвинуваме меѓусебно, но тоа нема да ни помогне да најдеме заедничко решение.

Но, Словенија ја затвори границата и Хрватска почна да се полни со мигранти. Затоа Хрватска почна со возови и автобуси и да ги испраќа за Словенија.

Во меѓувреме, се разгореа обвинувањата меѓу балканските политичари.

Србија ја обвини Унгарија дека со солзавец ги растерува мигрантите, а Хрватска дека ги затворила граничните премини.

Унгарија, пак, ја обвини Србија дека им дозволила на мигрантите да фрлаат камења врз унгарската полиција на границата.

Будимпешта со прст покажа и на Грција дека не успеала да го запре мигрантскиот бран.

Во меѓувреме, Словенија се налути за тоа што Хрватска ги транспортира мигрантите до нејзините граници.

Сето ова доведе до размена на недипломатски изјави како таа на унгарското Mинистерство за надворешни работи дека Загреб излажал оти со Будимпешта се договориле за коридор за мигрантите.

Србија и Романија, пак, ја споредија изградбата на оградата на унгарската граница со практиките на нацистичката влада во Будимпешта во Втората светска војна.

Во исто време Атина остро одговори на унгарските критики.

„Употребата на насилство, патроли со автоматско оружје и испраќање на мигрантите на мински полиња не е соодветно однесување за една членка на Европската унија“, соопшти грчкото Mинистерство за надворешни работи.

Не помалку жестока беше и размената меѓу Србија и Хрватска.

„Жалам што гледам дека хрватската хуманост и солидарност траеше само два дена“, рече српскиот министер за социјални работи Александар Вулин, кој најави дека Србија ова прашање ќе го даде на меѓународен суд.

На тоа хрватскиот премиер Зоран Милановиќ ја спореди српската меѓународна моќ со мува.

„Орелот не лови муви. Хрватска е орел“, рече тој.

Во меѓувреме, Србија која не е членка на Европската унија, изрази негодување, бидејќи не била поканета на самитот на Унијата за мигрантската криза иако нејзината територија е главна за мигрантите.

„Долг е списокот за што можеме да се обвинуваме меѓусебно, но тоа нема да ни помогне да најдеме заедничко решение“, рече неодамна претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.

  • Гоце Атанасов

    Регистрирај се

Поврзано

  • Протест за намалување на затворските казни

  • Продолжува мигрантската кризна состојба

  • За мигрантите нема граница меѓу Табановце и Прешево

  • Брисел се откажува од мигрантските квоти

  • Мигрантите во потрага по нови рути до ЕУ

Back to top
XS
SM
MD
LG