This version of the page http://www.makdenes.mobi/a/27246166.html (0.0.0.0) stored by archive.org.ua. It represents a snapshot of the page as of 2016-03-16. The original page over time could change.
Германската контрола на границата, удар врз Шенген?

Достапни линкови

  • Оди на содржината
  • Оди на главната навигација
  • Премини на пребарување
ТВ Прилог

Германската контрола на границата, удар врз Шенген?


2:37
Германската контрола на границата, удар врз Шенген?
0:00:00
Директен линк
  • 264p | 5,8MB
  • 352p | 8,9MB
  • 480p | 15,1MB
  • Сподели на Фејсбук
  • Сподели на Твитер

Германија воведе контрола на нејзината граница со Австрија во обид да го ограничи приливот на бегалци и мигранти кои стигнуваат во таа земја. И додека Европската комисија овој потег го оцени како легален, дел од западните медиуми оценуваат дека станува збор за своевиден удар врз Шенгенскиот режим.

Неколку часа откако германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер изјави дека цел на привремената мерка е ограничување на влезот на мигрантите и воспоставување организиран нивен прием, германските полицајци ги почнаа првите проверки на пасошите во близина на австриската граница.

Соопштувајќи ја мерката, Де Мезиер изјави и дека неговата земја останува посветена на европските и светските правила во заштитата на бегалците.

Според него, европските „Даблински правила“ кои предвидуваат барателите на азил тоа најпрвин да го прават во првата земја членка на Унијата каде што стигнале и натаму важат.

„Но, тие мора да сфатат дека не можат да одбираат во која држава ќе бараат заштита“, рече тој.

Притоа се оценува дека сега посебно земјите низ кои минуваат мигрантите и бегалците како Грција, Македонија, Србија и Унгарија ќе се најдат во ситуација да се справуваат со бегалскиот бран кој не се намалува, главно поради воениот конфликт во Сирија.

Европската комисија оцени дека одлуката не Германија е законска.

„Кога некоја земја ќе процени дека дошло до критична ситуација и и е загрозена безбедноста има право, според одредбите на Шенгенската зона, привремено да воведе контрола на границата“, се наведува во соопштението на Комисијата.

Во дел од западните медиуми овој германски потег се оценува како своевиден удар врз Шенген со цел да се притиснат другите членки на Унијата да го прифатат планот на Европската комисија за распоредување на 160 илјади баратели на азил низ повеќе земји на Унијата.

Притоа исто така се оценува дека сега посебно земјите низ кои минуваат мигрантите и бегалците како Грција, Македонија, Србија и Унгарија ќе се најдат во ситуација да се справуваат со бегалскиот бран кој не се намалува, главно поради воениот конфликт во Сирија.

Шефот на француската дипломатија Бернар Казнев изрази разбирање за германскиот потег наведувајќи дека до него нема да дошло доколку некои членки на Унијата ги почитувале шенгенските и правилата за одобрување азил.

Обврската за прием на бегалците, со образложение дека со нив ќе се смени националниот идентитет на нивните земји и оти можат да донесат тероризам, не ја прифаќаат владите на Унгарија, Полска, Чешка, Словачка, Романија и Бугарија.

Ваквиот став на источните земји на Унијата беше критикуван од постарите членки, наведувајќи дека станува збор за солидарност во критични ситуации.

Последниот потег на Германија беше поздравен од унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој изјави дека бил неопходен за заштита на германските и европските стандарди.

Во Унгарија која подигна оградата на границата со Србија, од вторник ќе се казнуваат илегалните минувања на границата и ќе бидат распоредени околу 4 илјади војници за да ги спречат ваквите обиди на мигрантите.

Поврзано

  • „Сакам само мојот син да живее во мир“

  • САД да не вртат очи од кризата со мигрантите

  • Зголемен број мигранти, но ред има

  • Јункер: ЕУ не е во добра состојба

  • Зошто богатите арапски земји не прифаќаат бегалци?

Back to top
XS
SM
MD
LG