вторник, март 15, 2016 Скопје 04:41
Аудио мени
Мултимедиа
Слушај
Како да слушате
Радио Програма
Распоред
Подкаст
Аудио помош

Видео
Фотогалерии
ТВ Слободна Европа
 Во напад во Анкара 34 загинати и 125 ранети
 Среќата се купува со пари

    Политика

    Неделен печат – Состојбите во новинарството

    Речиси сите македонски неделници во најновите броеви објавуваат текстови за состојбите во македонското новинарство. „Глобус“ се занимава и со анкетите за рејтингот на политичките партии.

    x
    Горица Попова
    „Сега“ - Реакција на претседателот на ЗНМ

    Во најновиот број неделникот ,,Сега,, го објавува текстот, всушност реакција на првиот човек на Здружението на новинарите на Македонија, на актуелните состојби во македонското новинарство, откако дневниот весник ,,Вечер,, објави список на новинари кои, наводно биле плаќани од Фондацијата Сорос во земјава и од Кабинетот на поранешниот претседателна државата. И, откако на блогот на еден друг новинар кој важи за поддржувач на владејачката партија и на нејзиниот лидер се појавија недостојни текстови кои повикуваат на линч на таканаречените предавници на Македонија. Авторот, покрај другото, прашува зошто не реагира, пред се', Јавното обвинителство и зошто институциите толерираат загрозување на човековите права и слободи, ширење на национална нетрпеливост, задушување на слободата на говорот и закани по животот на новинарите и неистомислениците.

    „Фокус“ - ,,Зошто режимот на Груевски стимулира методи на Кју Клукс Клан?“

    И ,,Фокус,, се занимава со оваа тема, под наслов ,,Зошто режимот на Груевски стимулира методи на Кју Клукс Клан“. Неделникот се осврнува на тоа како почнала приказната за 'предавници' и 'заштитници' на Македонија и на македонизмот, па потсетува дека најпрвин премиерот лани, во интервју за агенцијата МИА, алрмирал за лукративните мотиви на група јавни личности кои го критикуваат, а во чија позадина, според него, бил јужниот сосед. Неделникот забележува дека една година подоцна ова, преку ,,Вечер,, добило контури со имиња на наводни платеници и предавници. Неделникот прашува зошто, ако власта има црно на бело не излезе со компромитирачкиот материјал? Читателите, забележува потоа неделникот, и без тоа, излегоа со 'нацрт-програма' за справување со непријателот за, полека, да се стигне до тоа дека 'само куршумот го спасува Македонецот'. Прашувајќи се кој е следниот чекор на ваквата патриотско-преродбеничка сеанса, првата помисла на авторот на текстот во ,,Фокус,, била дека овие анонимни ликови со качулки на глава, во стилот на Кју Клукс Клан, на даден знак, со огромна света должност, ќе тргнеле во казнување на 'расата' предавници! Во прилог на оваа атмосфера, ,,Фокус ги потсетува читателите како преку МТВ со ткн. Македонска молитва, секојдневно во гебелсовски стил во мозоците на граѓаните се пенетрираше конструкцијата дека белата раса Господ ја создал од Македонците!

    „Глобус“ - „Војна со анкети помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, или како власта ја губи популарноста“

    Во најновиот број ,,Глобус,, се занимава со интересната појава на различни резултати на анкети за расположението на македонските граѓани, карактеристична особено во последно време.,, Војна со анкети помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, или како власта ја губи популарноста“ пишува, покрај другото неделникот, забележувајќи дека, цитирам, ,, возот на преродбата почна да забавува,, како што вели во насловот на статијата. Неделникот пишува дека три анкети покажуваат различен резултат, од кои две се загрижувачки за позициите на Груевски и за неговата партија, а дека една и натаму го уверувала премиерот дека е најдобар. ,,Глобус,, прашува уште колку време Груевски ќе може да го пренасочува народното незадоволство кон Грција и ЕУ и дека колку и да постојат сомневања околу веродостојноста на овие мерења на расположението на граѓаните, во 'воздухот' веќе можело да се почувствува чувството на разочараност кај граѓаните, зашто Владата има свој дел од одговорноста за се' што се случува на планот на надворешната и внатрешната политика на земјава, заклучува ,,Глобус,,.

    Горица Попова

    Овој форум е затворен
    Коментирајте
         
    Нема коментари во овој форум. Бидете први и дадете коментар.

    Најнови вести

    • Давутоглу - Сериозни податоци дека нападот е извршен од курдски бунтовници

      Повеќе

      Русија се противи на нови санкции против Иран

      Повеќе

      Меркел - Затворањето на балканската рута не е трајно решение

      Повеќе

      Прекината истрагата против белорускиот опозиционер Михалевич

      Повеќе

      Вториот круг од изборите во Иран на 29 април

      Повеќе
    • Груевски - СДСМ често го менува ставот за Законот за помилување

      Повеќе

      Стотици мигранти нелегално влегоа во Македонија

      Повеќе

      Мигрантите од Идомени се обидуваат нелегално да влезат во Македонија

      Повеќе

      Загриженост од високата стапка на егзекуции во Иран

      Повеќе

      Осум наместо 10 години затвор за поранешниот казахстански премиер

      Повеќе
    previous
    •  
    •  
    next
    Најпосетени
    1.  Меџити - Ако може цела зоолошка, зошто не и еден двоглав орел? (4122)
    2. Како власта ја намалува невработеноста? (2847)
    3. Илјадници луѓе постојат само во избирачкиот список (2607)
    4. Нема теренска проверка за пријавите за неправилности во избирачкиот список (2303)
    5. Избирачкиот список - Гордиев јазол (2052)
    Најгледани
    1.  Протести пред МВР за случувањата со крстот во Бутел
    2.  Стотици мигранти упаднале од Грција во Македонија
    3.  Меџити - Каде цела зоолошка, таму и еден двоглав орел
    4.  Трајкоска - Политичките партии станаа медиумски редакции
    5.  Шешељ пали знамиња во Белград, солзавец во Парламентот во Приштина
    Најкоментирани
    1. Меџити - Ако може цела зоолошка, зошто не и еден двоглав орел?
    2. Како власта ја намалува невработеноста?
    3. Јанева ги „подели“ граѓаните
    4. Катастрофа или најдобро образование досега
    5. Бегалците не сакаат назад во Турција

    Избор на уредникот

    • Македонија

      Стариот дел од Тетово го губи препознатливиот белег

      Најголем дел од традиционалните објекти кои го карактеризираат...

      Повеќе

      Македонија

      Директниот допир на скулптурата на Ѓорев

      Шеснаесет мермерни скулптури работени, дела на академскиот скулптор...

      Повеќе

      Македонија

       Нелегален влез на стотици мигранти во Македонија

      Македонската полиција во соработка со армијата на Македонија се...

      Повеќе

      Македонија

      Новинарите нема молкум да стојат настрана

      Медиумски и новинарски организации заедно ќе ги враќат медиумите на...

      Повеќе
    • Македонија

      Груевски решава до неодамна нерешливи проблеми

      Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски шета по градови и по...

      Повеќе

      Македонија

      Најмногу коментари за парите за мигрантите

      Читателите коментирале за тоа дали Македонија добила пари од ЕУ за...

      Повеќе

      Свет

       Ердоган: Турција, жртва на регионалната нестабилност

      Турските власти соопштија дека најмалку 37 луѓе загинале, а 125 биле...

      Повеќе

      Интервју

       Трајкоска - Политичките партии станаа медиумски редакции

      Дел од политичките партии ја преземаа улогата на редакции, тие...

      Повеќе
    previous
    •  
    •  
    next

    Радио програма