недела, 16 ноември 2014
Гледајте

 Newsflash
 Вести од САД во минута
 Напад врз американски морнари во Турција

Актуелно / Македонија

Во Скопје уапсени 14 судии

Судиите се лишени од слобода заради неизвршување на пресудите по прекршоци, со што го оштетиле буџетот на државата

Синиша Станковиќ

Во исчекување на извештајот за напредокот на Македонија во евроинтеграциите, денес топ-тема во македонските медиуми беше полициската акција „Јустиција“, во која се уапсени  14 судии од Одделението за прекршоци во Основниот суд Скопје 1, како и 11 судски службеници од истиот Суд, под сомневање дека сториле кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, од членот 353 од Кривичниот закон.

Одделот за сузбивање на организиран криминал во Основното Јавно обвинителство Скопје, по спроведени мерки во подолг временски период, поднел кривична пријава, која според дел од медиумите има неколку стотини страници, а уапсените лица се изнесени пред Јавен обвинител. Според министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, приведените судии и судски службеници - со неизвршување на службената должност му нанеле штета на буџетот на Македонија „од 1.308.515 евра за ненаплатена, а пресудена глоба, како и 3.773.500 денари за ненаплатен, а претходно пресуден паушал“.

Приведените судии се осомничени дека го сториле делото како судечки судии во Основниот суд Скопје 1, во Одделот за прекршоци, во текот на 2012 и во првото тромесечје од 2013 година, кога со останатите службени лица кои работеле со нив, постапувајќи по прекршочни предмети, ги искористиле службената положба и овластувања - неизвршувајќи ја службената должност. Според соопштението на МВР, наместо да ги верификуваат и експедитираат пресудите ,,со што тие би станале правосилни, и по роковите за жалби - извршни, судиите ги чувале пресудите до застарување на делото.

Овој форум е затворен.
Коментари
     
Нема коментари на овој форум. Бидете првиот кој ќе коментира.

Преземете ја апликацијата на Гласот на Америка за мобилни телефони и таблет-компјутери

 

NEWSFLASH

Your JavaScript is turned off or you have an old version of Adobe's Flash Player. Get the latest Flash player.
Newsflashi
▶ || 0:00:00
... ⇱  
  • 270p / 25,0MB
  • 360p / 35,0MB
  • 480p / 56,0MB
 
🔇
X
14.11.2014
Првата и единствена редовна ТВ-емисија на македонски јазик од еден странски медиум. Погледнете MP4 | WM

АКТУЕЛНО

Бриџис: САД повторно расно поделени

Путин ги критикува САД пред почетокот на Г-20

Во недела шести Марш на толеранцијата

Обама планира да заштити милиони недокументирани имигранти од депортација

Двојазичноста - постојана вежба на мозокот

Вести од САД во минута

Your JavaScript is turned off or you have an old version of Adobe's Flash Player. Get the latest Flash player.
Вести од САД во минутаi
▶ || 0:00:00
... ⇱  
🔇
X
14.11.2014

Дружете се со нас