недела, 16 ноември 2014
Гледајте

 Newsflash
 Вести од САД во минута
 Напад врз американски морнари во Турција

Актуелно / Македонија

Конфронтации околу препораката за ЕУ

Медиумите и партиите полемизираат околу можноста Mакедонија да ја загуби препорката за почеток на преговорите за членство.

Синиша Станковиќ

Откако во провладините медиуми беа цитирани неименувани дипломатски извори, според кои, следната недела Македонија ќе ја загуби препораката на Европската комисија за отпочнување на преговори со Европската унија, денес таа вест или шпекулација е повод за конфронтации на медиумско и на меѓупартиско ниво. 

Најпрвин ТВ Алфа објави дека во Европската комисијата, уште во нацрт-извештајот кој е во подготовка, поради спорот со името и притисоците на таа тема од Грција, но и поради бојкотот на СДСМ на Собранието и непостоењето на политички дијалог меѓу власта и опозицијата, годинава ќе биде повлечена препораката, која веќе пет години ја добива Македонија.

Пренесувајќи ја веста, дел до провладините медиум потенцираа дека ако препораката навистина биде повлечена и во официјалниот извештај што ќе биде објавен на 8 октомври, „тоа ќе биде сериозен удар врз угледот на Македонија, не само во рамките на ЕУ, туку и пошироко, а може да има сериозни последици врз сите процеси во државата, пред се` врз економијата“. Според провладините медуми, западните дипломати повеќе пати ја критикувале одлуката на СДСМ за бојкот и неколку пати апелирале опозицијата да се врати во Собранието и да почне институционален  дијалог со власта, но СДСМ не ги прифатил ни критиките, ни поканите за преговори на владеачката ВМРО-ДПМНЕ. Со тоа, вината за евентуалното целосно повлекување на препораката, според овие медиуми, е комплетно врз СДСМ и опозицијата.

И додека дел од проопозициските медиуми објавија дека се работи за подготвена медиумска кампања, чија цел ќе биде за неуспехот да се обвини опозицијата и нејзиниот лидер Зоран Заев, порталот Нова денес објави своевиден демант на иформациите во провладините медиуми, тврдејќи дека Македонија на 8 октомври ќе ја добие шестата по ред препорака за почеток на преговорите.

Но, дека поради сериозната политичка криза и уназадувањето на демократските процеси, „во ЕК се` уште постојат дилеми околу формулацијата на оваа препорака која во долгата серија препораки ќе биде првата која сериозно ќе обрне внимание на незадоволството на земјите членки од развојот на ситуацијата во државата“. Според Нова, препораката на ЕК упатена до Европскиот совет „ќе биде или условена со подобрување на состојбите, пред се, на демократските перформанси - до декември кога Европскиот совет ќе ја разгледа оваа препорака - или ќе содржи квалификации кои јасно ги посочуваат слабостите во државата“.

Според Нова, покрај тоа што одлуката за повлекување на препораката би била  преседан во европските интеграциски процеси, тоа би претставувало и „ризик од дестабилизација и влошување на меѓуетничките односи во драматична насока“.

Иако и ТВ Телма го пренесе ставот на Петер Стано дека од ЕУ нема да коментираат на шпекулации и дека треба да се почека извештајот, полемиката се пренесе и на меѓупартиско ниво.

Претседателка на Комисијата за европски прашања на СДСМ, Лидија Димова, истакна денес дека „прво Трајко Вељаноски тврдеше дека неучеството на опозицијата во Собранието не влијае на одлуката за препораката и дека препораката е зачувана;Сега, Никола Попоски не плаши дека препораката ја губиме. Кој кого го лаже?“ Одбивајќи ги нападите за вината на опозицијата, Димова беше децидна дека „за можноста Македонија да ја изгуби препораката, Никола Груевски прстот може да го впери само кон себе: за падот од 86 места по слобода на медиуми, за партизираното судство, за непостоење раздвоеност на државата од партијата, за заплашувања и притисоци врз администрацијата, за немање институционални капацитети во Македонија за расчистување на нерегуларностите од изборите.“

Овој форум е затворен.
Коментари
     
Нема коментари на овој форум. Бидете првиот кој ќе коментира.

Преземете ја апликацијата на Гласот на Америка за мобилни телефони и таблет-компјутери

 

NEWSFLASH

Your JavaScript is turned off or you have an old version of Adobe's Flash Player. Get the latest Flash player.
Newsflashi
▶ || 0:00:00
... ⇱  
  • 270p / 25,0MB
  • 360p / 35,0MB
  • 480p / 56,0MB
 
🔇
X
14.11.2014
Првата и единствена редовна ТВ-емисија на македонски јазик од еден странски медиум. Погледнете MP4 | WM

АКТУЕЛНО

Бриџис: САД повторно расно поделени

Путин ги критикува САД пред почетокот на Г-20

Во недела шести Марш на толеранцијата

Обама планира да заштити милиони недокументирани имигранти од депортација

Двојазичноста - постојана вежба на мозокот

Вести од САД во минута

Your JavaScript is turned off or you have an old version of Adobe's Flash Player. Get the latest Flash player.
Вести од САД во минутаi
▶ || 0:00:00
... ⇱  
🔇
X
14.11.2014

Дружете се со нас