недела, 09 ноември 2014
Гледајте

 Newsflash
 Вести од САД
 Вести од САД

Актуелно / Македонија

Штрајкот ставен во мирување

По повеќедневното oдмерување на силите, притисоци и закани врз професорите и родителите - договор за понатамошни преговори

Синиша Станковиќ

Генералниот штрајк во образовнието официјално е ставен во мирување, со одлука донесена на вчерашната седница на Синдикатот за образование, наука и култура. Претседателот на СОНК Јаким Неделков најави дека по средбата со ресорниот министер Абдилаќим Адеми, во Синдикатот било договорено понатамошните преговори за барањата на синдикалците да заочнат веднаш и да завршат до крајот на годината. Доколку нема договор, штрајкот да биде реактивиран.

Според Неделков, двете страни се согласиле проблемите  да се решаваат преку социјален дијалог. Тој во медиумите повтори дека цела седмица пред најавениот штрајк, наставниците и професорите биле изложени на огромни притисоци.

Синдикатот бара преиспитување на одредби од законите за средно и основното образование кои ги опфаќаат казните на наставниците за водење педагошка евиденција и електронски дневник, како и моделот на екстерно оценување, но и колективен договор во високото образование и повисоки плати. 

Опозициониот СДСМ ги поддржа барањата на СОНК, а Министерството прифати дебата за унапредување на системот на екстерното тестирање, „но единствено во насока на зголемување на знаењето на учениците и подигнување на објективноста на наставниците при оценувањето“.

Минатата недела, проблемите во образованието во Македонија и обидите на властите да го спречат штрајкот, добија и меѓународен карактер.

„Во име на сите 1.6 милиони членови на Синдикатот за образование на САД, сакаме да изразиме поддршка за членството и лидерството на СОНК во спротиставувањето на промените во државниот Закон за основно и средно образование, кои ефективно го поништуваат правото на штрајк. Овие промени, кои од директорите на училиштата бараат смена на работниците кои штрајкуваат,  директно ја прекршуваат Конвенцијата бр. 87 на Меѓународната организација на трудот, односно Слободата на право на организирање и заштита на правото на организирање, стои во писмото кое, според дел од македонските медиуми, до своите македонски колеги го испратила д-р Лорета Џонсон, секретар на американскиот Сидникат за образование.

Во пораката од синдикалците од САД, која ја објавија македонските медиуми, се вели: „Ви се придружуваме во вашиот повик до Владата за отповикување на оваа незаконска мерка, и повторно враќање кон фер преговори како дел од социјалниот дијалог. Вашиот Устав јасно нагласува  во членот 38: Правото на штрајк е гарантирано. Синдикатот за образование на САД е горд што соработува со СОНК повеќе од десет години. Ќе продолжиме со нашата поддршка во борбата за тоа што е правилно за наставниците, учениците и нивните заедници, како и за државата.“ 

Според медиумите, нтернационализацијата на спорот меѓу Синдикатот за наука, култура и образование - СОНК и Владата, се проширува и со најавата дека американскиот Синдикатот за образование ќе го извести и државниот секретар Џон Кери дека во Македонија се менуваат законите за основно и за средно образование, со што ќе се обезбедуваат замени–штрајкбрехери за штрајкувачите.

Претходно, за најавите за генерален штрајк за 29 септември, се огласи и премиерот Никола Груевски, според кого, мотивите за ваквиот потег се интересите на актуелното раководството на СОНК, како нивни обид за обезбедување на нов мандат на изборите.

Но, од СОНК тврдеа дека причините за ваквиот потег се исклучиво социјални и од сферата на работничките права.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, ја алармираше јавноста за бројните притисоци на кои се изложени како од локалната, така и од државната власт, професорите - членови на Синдикатот.

Ваквите тврдења ги демантираше министерот за образование и наука Абдулаќим Адеми, за кого, повикот на Неделков до родителите да не ги испраќаат своите деца на настава, зашто и покрај сите притисоци – штрајкот сепак ќе се одржи, го оцени како - спротивен на законите и Уставот.

Но, според синдикалците, покрај обидите да се создаде раскол во синдикалната организација и меѓу наставниот кадар, власта се обидувала да ги заплаши и родителите на учениците, преку најави во провладините медиуми дека секој родител кој своето дете нема да го пушти на настава, ќе плател казна.

„Согласно позитивните законски прописи во Република Македонија, основното и средното образование се задолжителни за сите ученици. За непосетување на наставата - законите се децидни и предвидуваат глоба од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност за родителот, односно старателот кој ќе го оневозможи наставниот процес за своето дете“, беше цитирана во медиумите изјавата на директорката на на Државниот просветен инспекторат, Надица Николоска.

Неизвесно е како ќе се решаваат напластените проблеми ако двете страни останат на цврстите позиции.

Универзитетскиот професор д-р Ненад Новковски, ексминистер за образование, за Дојче Веле изјави дека „она што треба да се направи е вклучување на сите партнери во насока на враќање на системот на образование во нормални рамки“.

Овој форум е затворен.
Коментари
     
Нема коментари на овој форум. Бидете првиот кој ќе коментира.

Преземете ја апликацијата на Гласот на Америка за мобилни телефони и таблет-компјутери

 

NEWSFLASH

Your JavaScript is turned off or you have an old version of Adobe's Flash Player. Get the latest Flash player.
Newsflashi
▶ || 0:00:00
... ⇱  
  • 270p / 25,0MB
  • 360p / 35,0MB
  • 480p / 54,0MB
 
🔇
X
07.11.2014
Првата и единствена редовна ТВ-емисија на македонски јазик од еден странски медиум. Погледнете MP4 | WM

АКТУЕЛНО

Поранешен морнарички командос тврди дека тој го убил Бин Ладен

Рубиковата коцка конечно во Галеријата на славните играчки

Мозочен интерфејс преку Интернет

Њујорк тајмс: над 600 американски воени ветерани изожени на хемиски агенси во Ирак

Невработеноста во САД падна на шестгодишен минимум од 5.8 %

Вести од САД во минута

Your JavaScript is turned off or you have an old version of Adobe's Flash Player. Get the latest Flash player.
Вести од САДi
▶ || 0:00:00
... ⇱
 
🔇
X
07.11.2014

Дружете се со нас