недела, ноември 09, 2014 Скопје 15:41
Аудио мени
Мултимедиа
Слушај
Како да слушате
Радио Програма
Распоред
Подкаст
Аудио помош

Видео
Фотогалерии
 Џафери – Недоразбирања има, ама владата си функционира
 07.11.2014 - Комунисти, споменик на Калашњиков и протести

Македонија

И без медал, најголем успех за македонската кошарка

Македонија не успеа да ја победи Русија во натпреварот за третото место на ЕП во Литванија..

Текстови на слична тема

  •  Ќе заврши ли Македонската бајка со бронза?
  •  Македонија ќе се бори за бронза
  • Во очекување на мечот со Шпанија
  •  Кошаркарите не обединија
  •  Историско полуфинале за Македонија
Пелагија Стојанчова
Македонските кошаркари го освоија четвртото место на ЕП во Литванија. Во малото финале, македонските кошаркари изгубија од Русија со 72:68.

Илјадниците луѓе го следеа натпреварот на голем видео-бим на плоштадот Македонија во Скопје. Македонските граѓани, кои до крај ги бодреа кошаркарите, не се разочарани од поразот:

„Одлично, четврто место е победа за Македонија.“

„Премногу сме горди на македонската репрезентација. Им благодариме што направија Македонија да ужива во феноменалната славеничка атмосфера. Ма-ке-до-ни-ја.“
Денеска бевме многу блиску да го оствариме нашиот сон, кој го сонувавме во текот на целото првенство, но и покрај тоа што имавме голема желба и големо срце и на денешниот натпревар и не се предававме до крај, сепак Русија е веле-сила во кошарката, има поголем фонд на играчи и денеска клуч на нивната победа беше скокот во напад.

„И покрај тоа што не победивме, никогаш не сум бил толку среќен и толку горд како денеска. Заслужуваме да славиме и треба цела Македонија да слави“, велат анкетираните граѓани.

Четвртото место на ЕП е најголем успех на македонската кошарка во историјата.

На 6 секунди пред крајот, Македонија имаше шанса да го израмни резултатот, но топката му испадна од рацете на младиот Дамјан Стојановски.
x

Најефикасен во нашиот состав повторно беше Лестер Бо Мекејлеб со 22 поени. Влатко Илиевски додаде 16, а Перо Антиќ 13 поени.

Најдобар во рускиот состав беше НБА ѕвездата Андреј Кириленко кој уфрли 18 поени и 7 скокови.

Селекторот на репрезентацијата Марин Докузовски, на официјалнaтa прес-конференција по завршувањето на натпреварот, изјави:

„Денеска бевме многу блиску да го оствариме нашиот сон, кој го сонувавме во текот на целото првенство, но и покрај тоа што имавме голема желба и големо срце и на денешниот натпревар и не се предававме до крај, сепак Русија е веле-сила во кошарката, има поголем фонд на играчи и денеска клуч на нивната победа беше скокот во напад“.

Свечен пречек за кошаркарите

Планирано е во 13 и 30 да биде главниот или централниот дел на поздравувањето и прославувањето на големиот успех.

Агенцијата за млади и спорт, Кошаркарската федерација и Јавното сообраќајно претпријатие утре организираат свечен пречек на кошаркарите, кои треба да пристигнат на скопскиот аеродром во 11:30ч. Дваесет двокатни автобуси утре во девет часот од пред спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе ги превезат заинтерсираните граѓани до скопскиот аеродром.

Од аеродромот, кошаркарите, сместени во панорамски двокатен автобус специјално брендиран за нив, ќе го предводат конвојот од автобуси низ улиците на Скопје. Околу 12:30 часот кошаркарите ќе застанат кај ТЦ „Бисер“ во населбата Аеродром и околу 13 часот кај НБРМ, при што граѓаните ќе можат да ги поздрават и да им честитаат за успехот.
Навивачката група Сити Парк Бојс направи графит со ликот на селекторот Марин Докузовски во Скопје.

„Планирано е во 13 и 30 да биде главниот или централниот дел на поздравувањето и прославувањето на големиот успех“, изјави режисерот на програмата за прославата, Дејан Пројкоски.

Кошаркарите први ќе ги поздрават младинските кошаркарски тимови од целата држава. Граѓаните ќе можат да ги фотографираат и поздрават пред фонтаната на плоштадот. Потоа ќе следи едночасовна програма, со обраќање на кошаркарите, настапи на пеачи од македонската естрада  и изведби на навивачките химни и песни и презентација на извадоци од најдобрите спортски моменти на репрезентацијата. Прославата треба да заврши во 14 часот и 30 минути.

Македонските кошаркари четврти во Европаi
▶ || 0:00:00
... ⇱  
  • 144p / 0,0MB
  • 288p / 4,0MB
 
🔇
X
18.09.2011
Илјадници граѓани, на голем видео-бим на скопскиот плоштад, го следеа малото финале Македонија-Русија на ЕП во Литванија. И покрај тоа што не успеаја да ја освојат брозната, македонските кошаркари го остварија најголемиот успех во историјата.

Пелагија Стојанчова

Можеби ќе ви се допадне:

 Џафери – Недоразбирања има, ама владата си функционира

Студентите незадоволни, ама си ќутат

Бременоста не може да се води преку фејсбук

Црни балони над Тетово - протест против загадувањето

Тетовци скептични дека на Шара патролира Илирида


Овој форум е затворен
Редење на коментари
Коментирајте
     
Име: Snezana Град: Australija
19.09.2011 04:45
+0 / -0
Najubavi cestitki do nasata kosarkarska ekipa.Nie mozeme no e prasanjeto dali skame.Ovie deca sakaa i uspeja.Da go sledime nivniot pat i da sakanite nesta ni se ispolnat

Pozdrav od Brisbane

Најнови вести

  • Грчките сеизмолози очекуваат нови потреси во Кефалонија

    Повеќе

    Во Баку митинг на активистите за човекови права

    Повеќе

    Во Белград уапсен „балканскиот Ал Капоне“

    Повеќе

    Во тек разговорите за иранската нуклеарна програма

    Повеќе

    Голем пожар во термоцентрала во Грција

    Повеќе
  • Воздушни напади на сириската влада врз исламиcтите

    Повеќе

    Ристовски: СДСМ ги девалвира реформите во образованието

    Повеќе

    Германија слави 25 години од падот на Берлинскиот ѕид

    Повеќе

    Лидерите на Исламската Држава, мета на воздушни напади во Ирак

    Повеќе

    Средба на Ахмети со косовскиот амбасадор Хиса

    Повеќе
previous
  •  
  •  
next
Најпосетени
  1. Нашите 99 проценти
  2. Ригорозни и незаконски казни за страв и паника кај наставниците?
  3. Концептот е „Горна Македонија“
  4. Дневен печат - Доказите на Заев и загадувањето
  5. Власта глува или граѓанските иницијативи неми
Најгледани
  1.  Балканот ни на Исток ни на Запад
  2.  Мендух Тачи - Етнички проблеми ќе имаме сè додека не решиме некои големи прашања
  3.  Џафери - Владината коалиција функционира
  4.  Активистите на ЛГБТИ заедницата го блокираа Јавното обвинителство
  5.  Градењето и падот на Берлинскиот ѕид
Најкоментирани
  1. Власта прашува, власта одговара
  2. Дебата за екстерното без студенти, професорите под владин шинел
  3. Дневен печат – Пукано во владата, оставките на СДСМ на дневен ред
  4. Амбасадорите ги осудуваат нападите врз ЛГБТИ заедницата
  5. Законски удар врз вработувањето жени

Избор на уредникот

  • Интервју

     Џафери – Недоразбирања има, ама владата си функционира

    Нормално е да се појавуваат одредени теми за кои ќе имаме различни...

    Повеќе

    Саботна анализа

    Студентите незадоволни, ама си ќутат

    Младинските и студентските движења во земјава, и покрај бројните...

    Повеќе

    Македонија

    Бременоста не може да се води преку фејсбук

    Фејсбук страната „Здрава бременост“,е најновиот проект на...

    Повеќе

    Македонија

    Црни балони над Тетово - протест против загадувањето

    Симболично во воздух беа пуштени црни балони, кои, според...

    Повеќе
  • Македонија

    Тетовци скептични дека на Шара патролира Илирида

    Жителите на Тетово стравуваат, но не за безбедноста, туку дека...

    Повеќе

    Македонија

    Релативно стабилна владината коалиција

    Политичките аналитичари се убедени дека коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и...

    Повеќе

    Македонија

     Македонија меѓу Русија и ЕУ

    Македонија е стратешки ориентирана кон Запад, но дали намигнува и...

    Повеќе

    Македонија

    Загадениот воздух причина за порастот на малигни заболувања во Битола

    Неделно во Битола има по два пацинети заболени од белодробен...

    Повеќе
previous
  •  
  •  
next

Радио програма