недела, ноември 09, 2014 Скопје 13:19
Аудио мени
Мултимедиа
Слушај
Како да слушате
Радио Програма
Распоред
Подкаст
Аудио помош

Видео
Фотогалерии
 Џафери – Недоразбирања има, ама владата си функционира
 07.11.2014 - Комунисти, споменик на Калашњиков и протести

Македонија

Започна василичарската прослава во Вевчани

Со импровизиран саем на алтернативниот рурален туризам и концерт на Владо Јаневски, Влатко Стефаноски и Рибља Чорба, во Вевчани најмалата општина на Балканот, започна Василичарската прослава,со што со надалеку прочуениот култен карневал.

x
Вевчанци на 13-ти јануари вечерта ја чекаат Православната стара Нова Година. Со традиционалните, пагански но и современи маски полни со духовитост, сатира, креативност и критика, Вевчанските василичарски тајфи 48 часа, подгреани со вино и храна, предводени од зетот, невестата, глупавиот август и ѓаволот, дефилираат низ големата театарска сцена на отворено, посетувајќи ја секоја куќа, прочуените извори, го тераат злото во пресрет на Новата Година играјќи мајтап со домаќините и многуте гости што од земјава и странство доаѓаат специјално за верскиот празник Свети Василиј во Вевчани да бидат дел од карневалот стар 1.400 години.
Се прават маски кои што се од типот на исмејување, на сатира и прикажување на настани што ја одбележале минатата годин, било да е политички или некој друг настан што бил актуелен во Вевчани, во Македонија, па и во светот.


,,Се прават маски кои што се од типот на исмејување, на сатира и прикажување на настани што ја одбележале минатата годин, било да е политички или некој друг настан што бил актуелен во Вевчани, во Македонија, па и во светот. И јас сум се маскирал, сум бил и водач на тајфа со групна маска, и тоа чувство не може да се опише. Тоа го разигрува Вевчанскиот дух и слобода. Ако човекот во текот на целата година бил потиштен и имал проблеми, на тој ден се ослободува од сета негативна енергија собрана во него, почнува еден нов дух и се шири една нова позитивна енергија од него,"

вели Перо Илиески градоначалник на Вевчани, член на Светската асоцијација на карневалски градови. Освен оваа манифетација, како препознатлив бренд на Македонскиот културен идентитет, во Охридско-Струшкиот крај познат по долгата традиција и подемот во последнава деценија е и Василичарскиот карневал во селото Куратица. Таму стотици маскирани шетаат низ сите домаќинстав цела ноќ на 13-ти јануари, собираат дарови и храна, а на 14-ти вечерта кога е централното дефиле на маските со натпреварувачки карактер, од традиционалните специјалитети јадат и се забавуваат со песна и ора илјадници мештани и гости.

,,Ние секоја година се маскираме, со мојата дружина овој пат подготвуваме маска со политичка содржина, што до самото дефиле не ја откриваме, тоа е строго чувана тајна. За нас маскирањето е голема возбуда, задоволство и традиција што си ја почитуваме. Некогаш маските ни служат за исмејување на "јавните фаци" од дневнмата политика и јавниот и обичниот живот. Како што минуваат годините и традицијата станува побогата, младите девојки и момчиња се помасовно се вклучуваат во карневалот,"

велат василичарите од Куратица чиј карневал за Василица заедно со оној во Вевчани, како пародија под маски, стануваат се поатрактивни за туристите и странските медиуми, со што заживува зимската пасивна сезона и се промовира регионот на туристичките пазари кај нас и во странство како привлечна дестинација за посети.

Можеби ќе ви се допадне:

 Џафери – Недоразбирања има, ама владата си функционира

Студентите незадоволни, ама си ќутат

Бременоста не може да се води преку фејсбук

Црни балони над Тетово - протест против загадувањето

Тетовци скептични дека на Шара патролира Илирида


Овој форум е затворен
Коментирајте
     
Нема коментари во овој форум. Бидете први и дадете коментар.

Најнови вести

  • Воздушни напади на сириската влада врз исламиcтите

    Повеќе

    Ристовски: СДСМ ги девалвира реформите во образованието

    Повеќе

    Германија слави 25 години од падот на Берлинскиот ѕид

    Повеќе

    Лидерите на Исламската Држава, мета на воздушни напади во Ирак

    Повеќе

    Средба на Ахмети со косовскиот амбасадор Хиса

    Повеќе
  • Бериша повикува на масовни протести

    Повеќе

    Експлозии во Кабул

    Повеќе

    Симболичен референдум за независност во Каталонија

    Повеќе

    Конвои со тешко оружје се движат кон источна Украина

    Повеќе

    Умерен земјотрес во западна Грција

    Повеќе
previous
  •  
  •  
next
Најпосетени
  1. Законски удар врз вработувањето жени
  2. Нашите 99 проценти
  3. Ригорозни и незаконски казни за страв и паника кај наставниците?
  4. Концептот е „Горна Македонија“
  5. Дневен печат - Доказите на Заев и загадувањето
Најгледани
  1.  Балканот ни на Исток ни на Запад
  2.  Мендух Тачи - Етнички проблеми ќе имаме сè додека не решиме некои големи прашања
  3.  Џафери - Владината коалиција функционира
  4.  Активистите на ЛГБТИ заедницата го блокираа Јавното обвинителство
  5.  Градењето и падот на Берлинскиот ѕид
Најкоментирани
  1. Власта прашува, власта одговара
  2. Дебата за екстерното без студенти, професорите под владин шинел
  3. Дневен печат – Пукано во владата, оставките на СДСМ на дневен ред
  4. Амбасадорите ги осудуваат нападите врз ЛГБТИ заедницата
  5. Законски удар врз вработувањето жени

Избор на уредникот

  • Интервју

     Џафери – Недоразбирања има, ама владата си функционира

    Нормално е да се појавуваат одредени теми за кои ќе имаме различни...

    Повеќе

    Саботна анализа

    Студентите незадоволни, ама си ќутат

    Младинските и студентските движења во земјава, и покрај бројните...

    Повеќе

    Македонија

    Бременоста не може да се води преку фејсбук

    Фејсбук страната „Здрава бременост“,е најновиот проект на...

    Повеќе

    Македонија

    Црни балони над Тетово - протест против загадувањето

    Симболично во воздух беа пуштени црни балони, кои, според...

    Повеќе
  • Македонија

    Тетовци скептични дека на Шара патролира Илирида

    Жителите на Тетово стравуваат, но не за безбедноста, туку дека...

    Повеќе

    Македонија

    Релативно стабилна владината коалиција

    Политичките аналитичари се убедени дека коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и...

    Повеќе

    Македонија

     Македонија меѓу Русија и ЕУ

    Македонија е стратешки ориентирана кон Запад, но дали намигнува и...

    Повеќе

    Македонија

    Загадениот воздух причина за порастот на малигни заболувања во Битола

    Неделно во Битола има по два пацинети заболени од белодробен...

    Повеќе
previous
  •  
  •  
next

Радио програма