сабота, ноември 08, 2014 Скопје 17:57
Аудио мени
Мултимедиа
Слушај
Како да слушате
Радио Програма
Распоред
Подкаст
Аудио помош

Видео
Фотогалерии
Матичните лекари на обуки за ебола
 07.11.2014 - Комунисти, споменик на Калашњиков и протести

Спорт

Вардар и Пелистер во Втора лига?

Двата најреномирани македонски клубови Вардар и Пелистер најверојатно се селат во Втората Лига. Лошите состојби си го направија своето, коментираат луѓето од спортот.

Дали ФФМ ќе ја зголеми лигата на 16 екипи, за да не испаднат Вардар и Пелистер?
x
Дали ФФМ ќе ја зголеми лигата на 16 екипи, за да не испаднат Вардар и Пелистер?

Текстови на слична тема

  • Ф.К. Љуботен пред пропаст
  • Кулиминира кризата во мак-фудбалот
  • Проблеми во мак фудбалот
  • Работнички во борба за третото коло
  •  Работнички-Ливерпул 0-2
  • В петок фудбал, Македонија-Словачка
Борче Лозановски
До крајот на фудбалскиот шампионат останува да се одигра уште едно коло, но од минатата недела е јасно дека на последните две позиции ќе завршат нашите најголеми брендови Вардар и Пелистер. Тоа значи дека тие од август ќе играат во Втората лига, што за најтрофејниот клуб ќе биде прв пат од осамостојувањето, а за битолчани втора преселба во понизок ранг.

Сепак, деновиве се погласно се говори дека ФФМ ќе ја зголеми лигата на 16 екипи. Ова ќе се направи, пред се за да не испаднат Вардар и
Сигурно дека сите ние околу што сме спортски работници ќе поддржиме ако е тоа можно за Вардар да остане во оваа лига, меѓутоа ако и тоа не е можно, нека се среди сам, нека се сепне, нека се среди еднаш за секогаш, затоа што ваков каков што е, никој не посакува таков Вардар.

Пелистер, а во најквалитетното друштво ќе влезат и четирите првопласирани второлигаши.

Наредната недела дефинитивно ќе дознаеме дали тоа ќе се случи. До тогаш, пак, во јавноста ќе се полемизира дали е тоа исправно. За многумина, Првата лига е незамислива без најреномираните клубови. Но, за речиси сите фудбалски работници, меѓу кои е и поранешниот играч на Вардар и Пелистер, Томче Трајановски, сега е доцна за проширување на лигата.

„Сигурно дека ми е најтешко што двата мои клубови дојдоа во ваква ситуација, но од друга страна треба да се почитуваат некои правила и на ФФМ и на УЕФА. Не може некои екипи да останат во лига ако претходно една година не се каже какво ќе биде првенството“, изјави Трајановски.

Арена Филип Втори

Затоа, смета тој, идната сезона Вардар и Пелистер треба да играат во Втората лига и тоа соочување со вистината да го искористат за консолидирање на редовите, по што би се вратиле на старите патеки. Тоа мислење го дели и екс капитенот на Вардар, а сега директор на Металург, Никола Ѓошевски. Според него, сите во мак - фудбалот сакаат да му помогнат на клубот по кој не препознаваат вон нашите граници. Но, останувањето во Првата лига нема да ги реши многубројните проблеми со кои се соочува. За такво нешто ќе треба да се погрижат самите црвено - црни.
Во Вардар конкретно треба да се знае кој е газда, мора тоа да се знае, за да тргнат работите на подобро. Во Пелистер ситуацијата е катастрофална, нема струја, нема вода, нема никакви финансии, треба прво тоа да се среди.


„Сигурно дека сите ние околу што сме спортски работници ќе поддржиме ако е тоа можно за Вардар да остане во оваа лига, меѓутоа ако и тоа не е можно, нека се среди сам, нека се сепне, нека се среди еднаш за секогаш, затоа што ваков каков што е, никој не посакува таков Вардар“, вели Ѓошевски,

Трајановски додава:

„Во Вардар конкретно треба да се знае кој е газда, мора тоа да се знае, за да тргнат работите на подобро. Во Пелистер ситуацијата е катастрофална, нема струја, нема вода, нема никакви финансии, треба прво тоа да се среди. Вардар и Пелистер се расадник на фудбалери, имаат многу добри школи, кога тоа ќе се среди јас гарантирам дека во наредните сезони ќе бидат оние старите екипи кои ги полнат стадионите низ Македонија и во поранешна Југославија.“

Борче Лозановски

Овој форум е затворен
Редење на коментари
Коментирајте
     
Име: Никола Град: Охрид
25.05.2011 13:24
+0 / -0
Затоа пак Охрид после долги години ќе игра во првата лига. До пред некој година беше и трета лига, па се консолидира па сега има тим и за прва лига. А за Вардар и Пелистер ладен туш па до година да ги видиме назад во прва лига.

Хајд Парк

Ги почитуваат ли македонските граѓани луѓето со поинаква сексуална ориентација? Има ли во Македонија услови за одржување на Парада на гордоста?

Погледни го видеото

Анкета

Анкети архива