сабота, 02 август 2014
Гледајте

 Newsflash
 Вести од САД во минута
 Холивуд во минута

Актуелно / САД

САД го засилуваат обезбедувањето на аеродромите

Новите мерки се однесуваат на внесување електронски апарати од странски аеродроми со директни летови за САД

Американски официјални лица велат дека патници упатени кон САД од некои странски аеродроми ќе треба да ги вклучат своите мобилни телефони, лаптоп компјутери и други електронски апарати, како дел од нови безбедносни мерки.  

Во куса изјава од неделата, американската Администрација за безбедност во сообраќајот кажа дека невклучени апарати нема да бидат примени на летови и патниците кои ги носат може да бидат подложени на  дополнителни проверки.

Американското соопштение не дава други детали и не објави кои странски аеродроми ќе го изведуваат зајакнатото проверување.

Минатата недела, секретарот за домашна безбедност Џеј Џонсон  даде упатство за агенцијата да имплементира нови мерки на аеродромите со директни летови до САД, но деталите  тогаш не беа објавени. 

Наредбата доаѓа во време кога патници кои доаѓаат од Европа и од Блискиот Исток продолжуваат да се соочуваат со посилни безбедносни процедури. 

Аналитичарите ги поврзуваат новите мерки со информации кои сугерираат дека милитанти поврзани со ал-Каида развиваат нови експлозиви кои би можеле да бидат поставени на авионите без да бидат откриени.

Коментирајте на овој форум
Коментари
     
Нема коментари на овој форум. Бидете првиот кој ќе коментира.

Преземете ја апликацијата на Гласот на Америка за мобилни телефони и таблет-компјутери

 

NEWSFLASH

Your JavaScript is turned off or you have an old version of Adobe's Flash Player. Get the latest Flash player.
Newsflashi
▶ || 0:00:00
... ⇱  
  • 270p / 27,0MB
  • 360p / 40,0MB
  • 480p / 64,0MB
 
🔇
X
01.08.2014
Првата и единствена редовна ТВ-емисија на македонски јазик од еден странски медиум. Погледнете MP4 | WM

АКТУЕЛНО

Новите протести за случајот “Монструм” минаа без инциденти

Штрајкувачите од СОНК упатија упатија предупредување до власта

Македонија: Изворот на листерија се` уште непознат

СОНК тврди е под притисок, но утре ќе протестира

МВР прими опрема од САД вредна 142 илјади долари

Вести од САД во минута

Your JavaScript is turned off or you have an old version of Adobe's Flash Player. Get the latest Flash player.
Вести од САД во минутаi
▶ || 0:00:00
... ⇱
 
🔇
X
01.08.2014

Дружете се со нас